Автор Тема: Летови со ултра ниски цени ?  (Прочитано 4185 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #15 на: 27 Октомври 2012, 01:00:35 am »
храна и вода не даваат во овие летови.... ја продаваат. Тоа е уште еден плус. Плата за аеродромци нема..... тие си зимаат плата од рентата која ја плаќа превозникот на аеродромот. Али убаво напомнав дека во просек картите се сигурно околу 70-80 евра. 30 се само ако резервираш 3-4 месеци однапред.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7344
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #16 на: 27 Октомври 2012, 01:01:41 am »
Дечки, џабе ја правите математиката, нашата Влада има дадено субвенции на ВизЕр во износ од околу 5.100.000 Еуро.

Затоа имате ефтини авио билети, со даночните пари се покриваат останатите трошоци.
Нема никој да ве вози со авион до Венеција за 1000 денари, толку чини такси од Аце Велики до Куманово во еден правец.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #17 на: 27 Октомври 2012, 01:19:40 am »
Томи.... па ефтини летови има и изиџет(www.easyjet.com) од Солун..... не е тоа само кај нас

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7344
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #18 на: 27 Октомври 2012, 02:11:30 am »
Зборам за ВизЕр. За ИзиЏет не знам каква е финтата.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #19 на: 27 Октомври 2012, 02:50:46 am »
А што е битно дали работат без ќар, со голем или мал ќар? Ако е ефтино и ни одговараат условите, ми е гајле каква им е на нив математиката.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #20 на: 27 Октомври 2012, 03:27:01 am »
јасно,но работава ми беше дали има некој скриени трошоци,зошто обично кај нас сите реклами се такви и кога ќе стигне за плаќање имаш од 30 до 50 посто повеќе него ли предвиденото

Отсутен dragan87k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #21 на: 27 Октомври 2012, 04:19:36 am »
Се плаќа на wizzair и резервација на билет 500 ден од правец.Во секој случај е доста поевтино и порелаксирано од автобус или комбе.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43924
  • Il Moderatore
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #22 на: 27 Октомври 2012, 07:31:37 am »
Јасно е како функционираат. Ти си таму „self loaded luggage". И толку е. Ручек не добиваш освен ако не си купиш, а и боље, пошто тие сендвичите што ги даваат како „ручек“ во летовите од 300-400 евра се парче дрво со салата, вода не добиваш освен ако не си купиш,  а исто е за било што друго што се нуди во авионот. Може да се измочаш без пари и тоа е тоа. Дргуо, багаж можеш да носиш само една торба со димензии 50/20/30 отприлика, што за секое машко е доволно, ама ако идеш со супругата, автоматски зимаш куфер, па неговиот траснспорт чини колку, или поскапо од картата. Е сеа, со сигурност тврдам дека авионите не летаат со празен карго спејс на тие дестинации, па така да, може да се земе дека летот си го исплатиле со карго багажот, а транспортот на овој селф лоудед лагиџ им е чист ќар :)

Стујардесите им се ружни за да бидат скапи, пилотите ти се ко` шофери на градски, си ја знае линијата пошто 4 пати на ден ја поминува, ародромските такси им се со поволности и најчесто си имаат свој терминал кој е подолгорочно откупен, на пример easyjet од кај што му се појдовни станици, како Милано на прмер, цел терминал сосе хангари си е негов, па не плаќа ни „преспивање“ поединечно за секој авион.

Тоа е со ефтините нема лажи нема преваре. Јас бев Солун - Милано - Рим и Милано - Солун, заедно со жена ми + (нормално) еден куфер, за околу 180 евра за двајцата. Нормално добро испланирано и резервирано околу 2 месеци порано.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #23 на: 27 Октомври 2012, 10:49:12 am »
Таа цена на карти важи само за early booking, што значи со месеци порано!

Ако си резервираш сега за наредна недела да речеме ќе те коштаат по нормлна цена.

Башка чичко Глујо ги субвенционира со нашите пари, така да не си ја чукајте главата многу!

И Луфтханза нуди цени од 70 евра повратна карта од Софиа до Берлин со економи класа а 160 евра со бизнис, ама само со early booking инаку еве колку кошта карта резервирана неделава за 5-ти Ноември во еден правец!





Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7344
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #24 на: 27 Октомври 2012, 10:59:37 am »
Зашто Y наместо I?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7690
  • Хорска Секција
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #25 на: 27 Октомври 2012, 11:04:44 am »
се трудам да откријам кај лежи преварата зошто едноставно ако одат со овие цени компаниите би оделе во минус
1л керозин = 1долар
просечен авион за 1 саат летање троши околу 15.000л керозин + времето за полетување и слетување
а собира околу 150 патници,значи стварно нема ќар ако возат по овие цени...
Не вадете бројки од ракав. 15.000 литри керозин на саат летање во просек со полна брзина троши чудовиште како Boeing 747 натоварен на максимум, т.е. 570 патници со багаж 20+8kg по човек!

Тие играчките за 100 патници со кои се лета од Стајковци до Сарамзалино не трошат ни 3000 литри на саат...

Инаку цените на визер не се воопшто ниски. Само ние сме научени да ни маваат по два сатари и ни се чинат ниски. Ѕирнете ги цените на авиокомпаниите низ ЕУ...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #26 на: 27 Октомври 2012, 11:32:58 am »
Зашто Y наместо I?

Е зошто де, сега ќе се јавам да ја прашам колешкава што ми резервираше....Фала Томи!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7344
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #27 на: 27 Октомври 2012, 12:14:36 pm »
Meне ми напрвија проблем, затоа прашав.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #28 на: 28 Октомври 2012, 16:38:33 pm »
ајдееее,почнаа и слики на фејсбук да ставаат
летале со авион за 10 евра,господ за муда го фатиле

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Летови со ултра ниски цени ?
« Одговори #29 на: 28 Октомври 2012, 21:37:39 pm »
Баш вчера зборев со еден пријател што отиде во холандија пред некое време,ми вика холандија-милано-холандија за 50 евра????
ова е веќе поефтино од кола,многу поефтино.

http://wizzair.com/mk-MK/Search - овде веќе има летови ск-берлин за 40 евра
се трудам да откријам кај лежи преварата зошто едноставно ако одат со овие цени компаниите би оделе во минус
1л керозин = 1долар
просечен авион за 1 саат летање троши околу 15.000л керозин + времето за полетување и слетување
а собира околу 150 патници,значи стварно нема ќар ако возат по овие цени...


1 саат летање е 3-5 тона керозин. И тоа само во првиот час, потоа потрошувачката се намалува на 1.5-2 тона.

Случајно зборев со бивши контролор на летање. Порано за македонските авиокомпании аеродромска такса за слетување/полетување чинела 5000 евра, денес 1000 евра. Со таа разлика што повеќе не постојат македонски авио компании.