Се јавувам да закажам редовен сервис во Аутомобиле за Пунто дизел, се информирам за цена и не знам што ме натера му викам извини, какво уље ставате? 5w-40 ACEA A3/B4 ми вика, на Шел. Од кај бе мајсторе такво најдовте, нели треба да е Селениа и нели по сите можни спецификации и инструкции од Фиат треба да се стави 5w-30 ACEA C2? Што има врска ми вика, нема веќе Селениа од фабрика, од последниот сервис ти такво возиш, такво имаме, ок е, немаш гајле. Супер, а јас со полна доверба во нив, сум си пиел кафе на раат дур сум чекал сервис и сум бил убеден дека колата ми е средена по сите стандарди.