Мал и Голем Сервис на Форд Мондео 1.5 тдци во Мида:
Моторно масло 2.771
Филтер за масло 871
Филтер за воздух 1.187
Филтер за гориво 1.509
Филтер полен 1.728
Сет Ребраст со водна пумпа 22.713
Линиски рамен 1.052
Антифриз 1.642
Дестилирана вода 48
Штопна дихтунг 298
Работна рака Мал сервис 3.400
Работна рака Голем сервис 7.000
Вкупно 44.223
Негативно:
1. 5 саати дремев таму, кафе не ми понудија. Не е за кафето, за принципот е.
2. Морав да се вратам утре дента да достават антифриз. Ми објаснуваа повлекло нешто, ова, она, небитно, јас требаше да се вратам.
3. Не ми кажаа дека ке има поскапување на работна рака после 1ви Јануари. Јас првично се јавив во Декември за закажување, и го прашав конкретното прашање, дали ке има поскапување после 1ви и ми рекоа не.
3400 за мал сервис плус 7000 за сетот, осет да се нема.
Во гаранција ли е возилото?
Кафето поскапено е неможат да си дозволат 5 денара да почастат, непрофесионални воопшто.
Ај кажи колку време ти требаше да закажиш за истито сервис, колку телефони требаше да завртиш.
Толку шетање по телефони никој ми нема направено, звонам на официјалниот во сервис да закажам промена на масло и филтри за Куга, никој не крева,
звонам на мобилен некој Мики, еј на појадок сум барај го ГОран, Горан бил на одмор барај го Ненад, Ненад ми даде број од Томче оти он бил на пауза за на крај Томче да ми рече кога сакаш дојди од сабајле до 9 прв да бидеш и кога отидов чекав 3 саати, не сум од Скопје.