Друже вака ке ти кажам, јас имам кадетт стар кој работи на ист начин како и фичото и сите останати коли од тој период со карбуратор. До ден денешен откако е во наша сопственост го имаме истиот проблем како ти што опишуваш, во лер гас на бензин работи, а ако му дадеш гас ке се загуши па после ке прима гас.
Таткоми што не има отворано, нов разводник, кабли, свекици, кондензатори, по цел ден штеловај карбуратор и никако да се направи да прима на бензин убаво. На плин немаме таков проблем, како стискаме гас така прима без да се гуши или слично и затоа кај мене поубаво ми влече на плин отколку на бензин.
Незз другите што ке кажат, али најверојатна причина е карбураторот и кај тебе, но и кај мене за таквата ситуација, зашто ако е проблем струјата, ондак кај мене и на плин би гушел.