Словенија може да ја избегнеш комплетно со вињета. Да заштедиш 15 евра. “Негативната“ страна е што ќе возиш по магистрални патишта 80 километри и низ населени места.
Врање - Батровци/Бајаково ти е околу 10-12 евра патарина. Ако има гужва на Батровци/Бајаково (знае да има) се исклучуваш кај Шид и возиш према Товарник-Хрватска. Има помал граничен премин.
Ако избереш да заштедиш словенечка вињета:
Хрватска: Ако влезиш од кај Бајаково до Загреб ти е 17 ипол евра. После, наместо да возиш према Ново Место/Љубљана, туку идеш десно према Вараждин(Унгарија). Таму возиш се до излез Вараждин или излез Чаковец. Јас обично излегувам на Вараждин. Патарината е 3.60 евра до Вараждин, 4 евра до Чаковец.
Ако излезеш на Вараждин, возиш по државна цеста 2 у правец Птуј. Ако се исклучиш на Чаковец, ќе поминеш на премин Ормож/Средишче об Драви/Трновец на хрватска страна. Од таму по словенечката цеста 2, идеш директно до Птуј. Од обиколницата на Птуј се уклучуваш правец према Ленарт (околу 20 км). После Ленарт идеш правец Бенедикт/Горнја Радгона (30км). Кога стигнеш во Горнја Радгона, на мостот на Мура ти е австриската граница. Означено е со знаци, нема шанси да го промашиш. Во Хрватска на Ина и ЛукОил. Плин имаш на ОМВ/Мол секаде во Словенија.
Влегуваш во Австрија на два километри (Бад Радкезбург) имаш ОМВ со плин. Таму купуваш вињета и излегуваш на Бундесштрасе во правец Лајбниц, Грац. Возиш некои 50км и се уклучуваш на автопатот што иде од кај Шентиљ. Цепаш право по А9 у насока Велс/Линц. Имаш два тунели на кои се плаќа 12 евра вкупно. Пристигаш на клучка Велс, се исклучуваш/уклучуваш лево према Пасау на А8. Стигаш до Германска граница и А8 од Австрија се трансформира во Германски А3.
Имај предвид дека во Австрија зимни гуми важат до 15 април. Исто имаат камери во тунелите кои мерат просечна брзина од 100кмч (а не моментална). Казните стигаат до Македонија.
Ако сакаш евтин плин/бензин, на Велс се исклучуваш и возиш по Б137 кој води исто до клучка Покинг Германија, со прекрасни глетки, и локални ОМВ по пат кои имаат евтино гориво и плин. Б137 после влез во Германија на еден мост, се исклучуваш лево во правец на Автопат А3 и цепаш на север во правец Пасау, Дегендорф, Регенсбург.
пс. Сите горенаведни рути ги имам возено, и се одлични за избегнување гужви по граници и автопати.