РТД се плаќа сегде по бели свет, ама во Англија кога ќе платиш РТД добиваш Топ Гиар а во Македонија плаќаш РТД и добиваш Гласот на народот или Иселенички џубокс.
немој така... да ги има тие емисии точно е тоа, ама какви едукативни програми има за мали деца, ниедна друга телевизија ги нема и не се ни труди да ги даде... на пример ви текнува ли на ТЕЛЕТАБИСИ? тоа е бре детска емисија за БЛАГОРЕТАРДИРАНИ дечиња, продукција на британската телевизија, а А1 и компанија ги направија топ детска емисија, па уште и играчки продаваа и слично...
што им фалеше на постарата генерација што израснаа со бушава азбука? па јас во предшколска возраст со таа емсија ги научив буквите... за децава мои осеќам, гледам и востановувам дека нема доволно едукативни емисии за предшколска и школска возраст... а од друга страна само МТВ прави, дава и прикажува такви емисии од повеќе карактери... сите други гледаат за профит и само профит да вадат... од турски и шпански серии а во задње време и индијски бљувотини неможеш ништо друго да видиш по приватниве телевизии... еве јас немам кабловска во куќата... имам антена на кров, само тие можам да ги гледам... и сега што прајме?