Бмв, нема мака со турбина 
А стандард 231 кс, троши на отворено 5-6 а во град, 7-8-9 литра град
Брат, тоа BMW има декларирана од 10 литри во град... пресметај колку има вистинска потрошувачка...
И немој да ми кажеш само дека полека ке возиш кола со 230 кс под газ, немој молим те...
Распрашај се колку чини еден сервис, колку литри уље иде на еден сервис, филтри, колку чини еден сет кочници...
Ги имав сите овие информации некаде, зашто пред да го земам голфот, баш вакво BMW барав ...
За Леонот од голф 5-ка делови се фаќаат, а за BMW-то, само од BMW...
Ако ме сфаќаш што сакам да кажам...
BMW-то е прекрасно возило, го имаат неколку мои колеги што работеа со мене преку пустината, и може да ти кажам, ако можеш да си го дозволиш, да го имаш, да го храниш и сервисираш, go for it...
Татко ми донесе еден ден 535д со 286кс мотор, и може да ти кажам, со таа сила, биди среќен ако не менуваш гуми секој 4-5 месеци...
Шета количето од еден крај на тротоар, до друг...
ЛП,остај ти stage 3-4-5,БМВ 535д и крај,или 530д+ремап.
Зошто 535d пред 530d?
Каде се придобивките за доплата на повеќе пари за пореткиот модел?
Колку е побрзо од 0-100ка од 530д и дали може да ја забележи таа разлика Рики?
Зошто да плаќа поскапа регистрација, и поскап сервис?
Зошто да купи кола со поголем ризик од рикнување на турбо со нашиве (не)квалитетни горива?