Така иде тоа со современите дизели. На секое резервоарче гориво тури 20 еур у 4 пензиски фонд за колата. Ако не е турбина „бош пумпа“, бризгалки и слично што скупо се поправа ќе си отиде кога тогаш.
Си имал среќа можело и многу пострашно да е. Не е невообичено турбодизелите да тргнат да си го пијат уљето преку турбина неконтролирано па целиот мотор да си го уништата пред твои очи, заради уништени семеринзи на осовината или други уништени дихтунзи.
http://www.myturbodiesel.com/1000q/stop-runaway-diesel-engine-how-to.htmДобро си поминал со сервис, добро е да се знае дека имаш познати за секој случај остај тел за ни што возиме слични земјоделски машини

Во иднина не ги занемарувај препораките за негување на турбинта и пропратните системи.
1. Користи најквалитетно уље препорачано од производителот и менувај го редовно немој да попушташ по некоја иљадарка
2. Дај и на турбината време да се подмачка пред тргнување во трка, вози ја умерено додека не се достигнат работните температури. На палење остави ја да се размрда уљето некоја минутка
3. Не ја гаси одма после возење особено не одма после трка. Остави турбината да стивне оти по гасењето на моторот таа по инерција си продолжува да врти без подмачкување а температурата опасно и е повисока од онаа на останатите подвижни делови во колата.
4. Држи си телефон од дечкото што ти ја продал турбината на спид дајл

Со среќа!