По мене тркава ќе биде џабе трошење на гориво и време на двата учесници, но нека се проба. Зарем некој мисли дека Алфата би можела да тепа 180кс Леон со 1350кг, кога изгуби од 140кс 1550кг тешко А4. Не ја подценувам Алфата, но веќе таа коњажа и килажа која ја има Леонот е во сосема друга категорија него Алфата. Може Куоре би имал подобар старт до 50км/ч но после тоа експресно Леонот ќе помине напред и дистанцата ќе се зголемува претерано. Кој возел 170кс мотор во хечбек знае што зборувам. Ова е се разбира само мое лично видување на трката.