Автор Тема: Renault Clio 1.2 , 1996  (Прочитано 5702 пати)

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Renault Clio 1.2 , 1996
« на: 10 Април 2011, 21:48:50 pm »
Здраво момци , како нов член на форумов ќе ви го преставам моето магаре .

Увезено од швајцарија пред околу пола год , има 182 илјади поминато . Што се однесува на потрошња отворено е околу 4.5 до 5 а во град околу 7 . Клиово е мк1 , 3-та фаза , под  хауба има 1.2 , 1149 ccm со 43 kw . До сега имам инвестирано во него далечинско , озвучување ( alpine  ) , навлаки , 4х летни гуми Hankook .


Критики , пофалби , прашања се добродојдени  :)







Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #1 на: 10 Април 2011, 22:10:45 pm »
Со среќа да си го возиш! На што мислеше „трета фаза“?

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #2 на: 10 Април 2011, 22:21:54 pm »
Со среќа да си го возиш! На што мислеше „трета фаза“?

мк1 e правена во 3 фази , значи имаат направено некој си фејслифт , светла , ретровизори , хауба , итн . Можеш да наравиш споредба со клиото на Дени и ќе ги воочиш разликите.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #3 на: 10 Април 2011, 23:45:29 pm »
Критика само БРАНИЦИТЕ.......... 
Семи некој посаглам мајстор нека ти ги шприцне или дома сам  направиги
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #4 на: 11 Април 2011, 02:03:28 am »
Да си го чуваш вака стандард...

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #5 на: 11 Април 2011, 13:50:11 pm »
Критика само БРАНИЦИТЕ.......... 
Семи некој посаглам мајстор нека ти ги шприцне или дома сам  направиги

Да тоа е во план заедно со страничните лајсни.

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #6 на: 11 Април 2011, 13:51:16 pm »
Да си го чуваш вака стандард...

Па право да ти кажам и глупо ќе биде да правам некакви модификации барем не со овој мотор :)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #7 на: 11 Април 2011, 14:40:39 pm »
прво добредојде на форумов и пријатен престој :), за модификациите нема што многу да се добие исто како и на моето, ама можеш некој естетски модификации, добри навлаки за седиштата добро озвучување и нормално да си го одржуваш во добра кондиција каросериски и механички. Не знам колку години имаш, јас го купив клиото кога имав 20 години и го возев до пред една година и да ти кажам многу кејф ми правеше

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #8 на: 11 Април 2011, 15:47:11 pm »
Нема ништо да личи да почнеш да се занесуваш да ставаш амортизери, па бандажи и од тоа ке почнат уште 100 други работи...

Вака стандарт, едино пример да му ставиш ксенон, ко чоек да гледаш навечер и 30 до 50% фолија да го затемниш, и јас сум за да ги дувнеш браниците и лајсните... и шибај така...

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #9 на: 11 Април 2011, 21:09:11 pm »
прво добредојде на форумов и пријатен престој :), за модификациите нема што многу да се добие исто како и на моето, ама можеш некој естетски модификации, добри навлаки за седиштата добро озвучување и нормално да си го одржуваш во добра кондиција каросериски и механички. Не знам колку години имаш, јас го купив клиото кога имав 20 години и го возев до пред една година и да ти кажам многу кејф ми правеше

Фала Дени :) , иначе имам веќе добри навлаки шиени во Самад , имам ставено алпине озвучење . Иначе таман и јас на 20 го купив па ќе видиме до кога ќе се вози :)


Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #10 на: 11 Април 2011, 22:27:11 pm »
Да не биде, сеа се фалам... на 20 години возев БМВ 520и од 1995 година, а после 323и, и одма за краток период ми здосади... во просек годишно менувам по една кола :)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #11 на: 11 Април 2011, 22:55:59 pm »
Да не биде, сеа се фалам... на 20 години возев БМВ 520и од 1995 година, а после 323и, и одма за краток период ми здосади... во просек годишно менувам по една кола :)

само малку се фалиш ама ај дека признаваш пола ти се простува :) иначе добар избор на коли за 20 годишник, за жал јас и Мартин сме немале таква среќа, ама сепак јас бев презадоволен со клиото, а мислам дека и Мартин е. Инаку Мартин освежи ја темава со понови слики од навлаките и од озвучењето

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #12 на: 11 Април 2011, 23:32:15 pm »
Да не биде, сеа се фалам... на 20 години возев БМВ 520и од 1995 година, а после 323и, и одма за краток период ми здосади... во просек годишно менувам по една кола :)

само малку се фалиш ама ај дека признаваш пола ти се простува :) иначе добар избор на коли за 20 годишник, за жал јас и Мартин сме немале таква среќа, ама сепак јас бев презадоволен со клиото, а мислам дека и Мартин е. Инаку Мартин освежи ја темава со понови слики од навлаките и од озвучењето

За жал сега нашите ни мили закончиња не ми дозволуваат кола над 100 кс  така да планирам да се дружам со клиово уште некое време . Што се однесува до нови слики едино би можел да сликам од навлаките , звучниците се маскирани со акустично платно и не се гледаат :)

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #13 на: 11 Април 2011, 23:34:08 pm »
Да не биде, сеа се фалам... на 20 години возев БМВ 520и од 1995 година, а после 323и, и одма за краток период ми здосади... во просек годишно менувам по една кола :)

Не се фалиш , мислам дека кај тебе толку и издржува една кола , читаќи што му имаш правено на пежото и на сузукито :):) .

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Renault Clio 1.2 , 1996
« Одговори #14 на: 12 Април 2011, 00:18:04 am »
Па колата ја да ја возам, и да ми служи на мојот кеиф... А не она... мене да ме прца...