отиде... моето прво товарно возило. го чувам неколку години во двор, не ми се даваше никако. прва љубав заборава нема. ама почна да смета више, тенко со простор за другите возила, башка пајак ми го собра па уште и плаќав за него... како и да е, откако издемонтрав од него се што вреди, па боро му се заврте и доизвади уште нешто што можеби него ке му треба, вчера отиде на преса... ова е “свечениот чин“ на неговото премерување.. празно комплет, без мотор без ништо во него, ако баш ве интересира 803 кила...
го имам извозено и искористено ЗА СИТЕ ПАРИ ВЛОЖЕНО ВО НЕГО... кој ке рече дека форд не го бива, незнае што збори... го здробив од возење, без никакви посериозни проблеми... за 4 години, нешто над 200.000 км пројдени со него... после моторот го извадив и го монтирав во ескордот, па невестата го возеше, па го продадовме на комшија еден, и гледам и тој упорно си го вози и понатаму... животиња од мотор...
како и да е, пикапов отиде под преса... во понеделник документите треба да му ги однесам, па ако го препознаам во некоја коцка, ке го сликнам и постирам тука...