Дечки на некога да не му треба машински инженер отсек моторни возила?
Моментално работам како сервисен инженер за cummins мотори,
www.cummins.com. Станува збор за големи мотори од 6000кубика па нагоре, најголемо кај нас на кое сум работел е 38 000 кубика. Работам се и сешто од правење спецификации за ремонти, документации и такви глупости, одам со сервисерите на терен и јас работам како сервисер со нив заедно(редовни одржувања на моторите, штелување на мотори, монтажа/демонтажа на мотор од машина, монтажи/демонтажи на инјектори и пумпи...). Дефектажи на моторите на терен, компјутерска дијагностика, поправки на електрични инсталации околу моторите како и барање проблем низ инсталациите... во кратки црти многу работи(да не речам работам како Service Tehnician).Ако има некој нешто да понуди може да збориме подетално и за моменталнава позиција и зошто барам друго.
Муабетот ми е не барам стриктно работа во канцеларија знам во рака да држам алат и да отворам да прочитам како се прави нештото и да го направам. Ако на некого му налета или има потреба од кадар како мене би бил благодарен ако ме контактира.
