Што се однесува до темата на муабетов...
Интересно количе, според мене малце „женско“... Доста просторно, малце „комбесто“ се осеќа, пошто е доста висок кровот. Разумно комфорно, лесен волан, долги одови на мењачот (особено 2ра), за нијанса бесчуствителен волан и мењач, разумно добра изработка и финиш, висок раб на багажник (со ОК волумен, ко за своја класа).
1.1 бензинецот е бучен внатре, не знам за дизелот каква е ситуацијата, а мене ме нервира што контролите за прозорите (ако се електрични нели) се на централна конзола, а не на вратите. Не сака ригорозна вожња, поради „комбенце“ моментот, а седиштата немаат доволно странично држење, нити на седечката површина, нити на наслоните. Со исправени сите наслони за глава на задните седишта, сериозно се ограничува видикот позади. Ако добро се сеќавам, седењето на задната клупа е прилично исправено, ама барем не мава главата горе, поради високиот кров.
За 1.4 ХДИ, немам чуено лош збор, а во ова количе, би требало да е сон. Многу зависи за кого и за каков вид на експлоатација е наменета колава. Проблеми со електроника се можни, но не „задолжителни“, а другото би требало со редовен сервис да си тера. Бројката од 4.5 литри (градска) е достижна, ама нереална (со секојдневна нормална вожња), за во Скопје.
Се надевам дека помогнав. Со среќа во купувањето (ако се решиш нели

)