Еве јас прв да пишам после собир. Убав собир, меѓутоа неможам, а да не ги искритикувам сељачиштата. Зборувам за оние неколку пациенти кои немаат друго поле во животот каде ќе се докажат па мораа да шкрипат и да возат брзо низ толпата со присутни за да бидат забележани. За малку ќе изгазеа еден дечко, и рака на срце, сељачето кое возеше заслужено окрка неколку врели шамари кои имавме чест да ги чуеме од 50-тина метри оддалеченост. Покрај овој имаше уште еден кој во желба да се покаже во најдобро светло ја рикна ламелата па мораа да го влечат...Имаше уште неколку кои мене лично ми дојде да ги излупам, ама не е мое да ги преваспитавам...Секако дека беше викната полиција, па мислам и дека се поделија и по неколку казни, што се надевам поучно ќе делуваат на простата маса.
Како и да е, уште еднаш потдржка за ваквите манифестации, меѓутоа мора да се бојкотираат сите тие говеда кои прават неред и создаваат проблеми.
Благодариме на поканата, ни беше чест да учествуваме и да се дружиме. Меѓудругото го позеленевме и Когарето на Веле од Струмица, па така во еко варијанта му ја намаливме потрошувачката за цели 3 вили сено на километар.