Автор Тема: Заварување на хладњак клима  (Прочитано 3495 пати)

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Заварување на хладњак клима
« на: 29 Септември 2012, 22:22:18 pm »
Здраво на сите,
ме интересира дали некој има искуство со заварување на хладњак за климата? Знам дека заради поголемиот притисок и составот на фреонот некој не препорачуваат вакви поправки, а уште помалце иди во предвид лепење со Вуртх или сл.
Кај железничка има еден мајстор, Гоце, се нафаќа да заварува алуминиумски, со тоа што мора прво да го испита дали има можност да се вари.
Ако можи варење, математиката е јасна, ~2500-3000ден или 150-200ЕУР :) Само да не биди сиромавиот плаќа двапати :)
поздрав

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #1 на: 29 Септември 2012, 22:24:26 pm »
Ако се нафати да го завари,односно ако местото каде што е оштетен има простор за варење тогаш завари го...Нема да има проблем ако го завари добро.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #2 на: 30 Септември 2012, 01:07:00 am »
Дуже до сега кај гоце правени 3 хладњаци, од кој едниот од Вектра страничната пластика му беше скршена ја среди и топ си е, како нов е нема мука.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #3 на: 30 Септември 2012, 20:28:53 pm »
Јас до сега сум имал лошо искуство со варење хладњаци. Ново си е ново. Од искуство, решив со овакви работи да не си играм.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #4 на: 01 Октомври 2012, 02:17:09 am »
konsultiraj se i so bobi, vo KV, sto vari bandazi do ekonomskoto, servis borce ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #5 на: 01 Октомври 2012, 09:33:06 am »
Абе нешто Хладнично станува надвор а? Се оХлади работава изгледа.

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #6 на: 01 Октомври 2012, 19:19:34 pm »
фала ви на советите.
иначе финтата беше дека се работи за накнадно вградена клима на постара кола (Мазда 626 98г) па реков ако можи да се зашпара  :)
Инаку знам кај е сервисот во КВ, ќе одам утре.
А математиката е сигурна: од сегде кај што прашав најефтино 170еур без монтажа.
@Falanga: какво хладничко, гледаш дека ѓупско лето фаќа, мора да се oхладиме ;)
поздрав


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #7 на: 01 Октомври 2012, 19:20:58 pm »
Само пазете да не се прехладите :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #8 на: 01 Октомври 2012, 20:58:53 pm »
Друже тебе што треба да ти се завари??
Кондензаторот (радијаторот што е надвор), или Испарувачот (радијаторчето што е внатре во кабина)?

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #9 на: 02 Октомври 2012, 08:10:36 am »
@Ogi88: треба да се завари кондензаторот (радијаторот) на климата. Испарувачот ми е нов, него го сменав веќе :)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #10 на: 02 Октомври 2012, 10:03:55 am »
Ако ти гарантира дека може да се завари тогаш прави го, ако не здравје барај половен кондензатор или нов

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Заварување на хладњак клима
« Одговори #11 на: 04 Октомври 2012, 22:16:20 pm »
Епа чисто да ја затворам темата, сепак бидна со нов. Стариот го демонтираа но решија дека не можат да го варат: според нивните методи на тестирање испадна дека бил ОК, меѓутоа не можат да постигнат притисокот кој реално се постига во клима уредот. Сепак со мајстор Гоце ми средија за релативно добра цена нов хладњак од Грција со монтажа и полнење фреон.
Инаку, по свадба тапани, ама ако некој има потреба од хладњак, Бугарија има одлични цени за нови, bngroup е фирмата, цените се драстично поповолни од цените од Грција (и то за хладњаци со подобар квалитет). Се разбира ова за кој можи, стои финтата дека треба да го пренесиш (или некој друг) преку граница, ама исто ти се фаќа и за Грција.