Понудата на А3 беше автомобили претежно произведени пред 2000год, наспроти 307ката, сите беа над 2001 година.
Пример, А3 од 98' или 99' дизел е подобро од 307 HDI произведено 2002 или 2003 година?
Те чека долг пат, изполнет со многу нервози, неозбилни луѓе, карактери какви што не си сретнал во животот ...
мој совет, не се води по тоа една кола колку има поминато и која година е, води се по тоа колку една кола е сочувана и одржувана како што треба. Не се замарај со ситници, замарај се со мотор, каросерија, и сл. Ако некоја кола ја ставиш во „можен“ избор, распрашај се за потрошни делови, ниедна кола не е вечна. Најважно од се, провери си ја колата кај механичар од доверба, не маалски механичар, туку механичар во буквална смисла на зборот.
Ако изборот е меѓу тие 3 коли, вака би ти пишал
Астра, бензинец е најсигурна варијанта, од 1.4 кубика па нагоре барај. Делови лесно ќе се наоѓаат. За проверка го имаш сервисот Аутопрестиж, кој што е специјализиран за Опел.
Пежо 307 ХДи , брат ми ја има верзијата 2.0 Хди со 90 кс. Совршена фамилијарна кола. Моторот е одличен, докажан, 90 кс има, што го сместува во група за 60 евра

зелен картон. За делови незнам како е со цени до сега немал потреба освен потрошен материјал, претпоставувам нема лесно да најдеш како за германски возила, меѓутоа честа кола беше кај нас.
Ауди А3 Мислам дека другите членови ќе пишат подетално, ама колку што знам јас, најсигурен избор е 1,9 ТДИ 110 кс верзијата. Делови исто мислам дека нема да имаш проблем, низ Тетово Гостивар, а Косово за ептен во тесно. Внимавај само да не ти го снема, и да заврши по некој отпад. Знам дека ова е смешен муабет, ама откако чув дека на некој дечко тазе купен Пасат му го снемало за 3 дена, и никому ништо во МВР, почнав да се замислувам.