Автор Тема: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....  (Прочитано 45067 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #135 на: 01 Мај 2011, 01:16:02 am »
Момци, да споделам новости и доживувања ...

Пред 3 дена ми монтираа аларм, и паркинг камера во Дог Секјурити ...
Денес, откако беа фарбани веѓите, ги ставив на колата и изгледаат .... ке видите и самите ...

Ги обложив ретровизорите со карбонска фолија(овде имало работа и работа), столбовите, внатрешноста ...
Чекам да поминат празници, па ке споделам сликчиња ...

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #136 на: 01 Мај 2011, 01:24:07 am »
Ajде... аирлиа :) сите се подновија по нешто :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #137 на: 01 Мај 2011, 01:43:42 am »
Машала, машала ... отелио се Зекоња ;D Со среќа друже подновувањето !!!

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #138 на: 01 Мај 2011, 10:35:25 am »
Со среќа  подновувањето  и од мене
Каде ја лепеше карбон фолијата и колку пари е 1м2 ???
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #139 на: 01 Мај 2011, 21:57:31 pm »
Ја лепев кај n0e у гаража, другар еден мој, и се убивме од работа, тоа ретровизорите биле ебени за обложување, дознав за тоа на потешкиот начин, другите делови беа доста полесни ... Иначе, 2 парчиња, 25х120 цм ми излегоа околу 2300 денари сосе поштарина ...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #140 на: 02 Мај 2011, 11:37:02 am »
Како што е ветено, еве слики ...

Ксенон фаровите навечер



Светлината што ја даваат



капачето на резервоарот обложено со Карбонска фолија



ретровизорите



веѓите






Внатрешноста







камерата за назад



Екранчето како ретровизор



Камерата


Финален продукт






Мал коментар за сите слики погоре ....

Карбонската фолија која ја купив имаше 3м од задната страна ...
Обложувањето на ретровизорите беше мака невидена, затоа што има многу рабови, и тргнавме со другарот од внатре да ја лепиме нанадвор, значи од центарот на ретровизорот... Како и да е, на 2 места едноставно моравме да ја засечеме и да ја преклопиме. Пробавме со фен да ја затоплиме фолијата, читав дека може да се растегне. Е може, само она што заборавиле да кажат, намерно или не, е дека после 2 загревања фолијата го губи лепливото својство...
Како и да е, другите делови беа видно полесни за обложување, столбовите, внатрешноста ...
Мој совет е кога и да нанесувате фолија на прва површина, поминувајте ја со пластика, како на пример кредитна картичка, добра е за да ја вметнете фолијата зад рабовите ...
По ова, ке имам многу повеќе почит кон мајсторите што лепат фолија хехе ...

Во Дог секјурити бев пред некој ден, дечките ми монтираа аларм и паркинг камера со 7" дисплеј внатре во колата...
Задоволен сум како ме примија, отидов ненајавено, се гледа дека се погрижија да колата излезе без ни една гребнатинка, ова знае да се случи кај некој "мајстори", имаа поставено штитници на ѕидовите каде што евентуално би удрила вратата доколку нагло ја отворите ...
Алармот и камерата засега работат беспрекорно, камерата има одличен дисплеј и феноменална прегледност, плус дисплејот ако го исклучите добивате голем и попрегледен дневен ретровизор ... Деновите кога се мачев да паркирам паралелно во рикверц поради никаквата прегледност на астрата се зад мене ...
Имав мала прибелешка кон тоа да ми ја остават камерата вклчена нон стоп и ми ја исполнија желбата...
Она што јас лично сакам да го преадаптирам е да ја внесам камерата внатре, во браникот или табличката, затоа што вака поставена нема уште долго да стои...
Иначе, има инфраред, и дури другар кој мести камери за мониторинг беше изненаден колку добро се гледа навечер ...

Кон крај, ги монтирав и веѓите ... кога направив математика, скоро исто ми излегоа трошоците за фарбање колку што и ги купив истите ...
Морав да купам пластик прајмер, боја, лак, засилувач, нитро ... Ја промашија нијансата за малку, но ова беше очекувано со оглед на фактот дека бојата на колата веќе 5 години гледа сонце и е подложна на колорни модификации...

« Последно менување: 02 Мај 2011, 11:41:46 am Tommy »

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #141 на: 02 Мај 2011, 12:01:59 pm »
По мое, не си требал на капачето за бензин да му ставаш фолија, и дај слики, од позади камерата како и кај е поставена

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #142 на: 02 Мај 2011, 12:19:51 pm »
Лудница... Боли глава !!! Прва лига, кажи ми само ксенонот од колку К е и кај го местеше? За кое алармче се одлучи да ставиш? 

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #143 на: 02 Мај 2011, 12:24:51 pm »
Кабелчево од камерата вака ли ти се гледа?
Не можеше ли да се скрие?




Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #144 на: 02 Мај 2011, 12:39:52 pm »
Предпоследната слика ,таа од позади со регистрацијата, таму се гледа камерата кај е поставена. И јас би ја поставил во браникот внатре, вака ептен не сигурно ми делува.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3896
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #145 на: 02 Мај 2011, 14:26:26 pm »
одлично, со здравје нека е. фино изглеа, ама се слагам со Рики за капачеето за бензин...  мислам дека не ти било потребно, а другото е се одлично... !

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #146 на: 02 Мај 2011, 14:55:58 pm »
Toa со капачето е изи фикс ...
Иначе, тоа што се гледа е микрофонче, не кабел, може да се зборува на мобилен преку дисплејот, има блутут опција ...

Иначе, ксенонот е германски, мислам дека е 6700, ке мора да проверам, не видов бројка, едноставно го монтираа, ми се допаѓаше како изгледаше ... Ке проверам точно и ке добиеш спецификации ...

Алармот е доверлива ствар....

Се заебавам, ГТ е ...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #147 на: 02 Мај 2011, 15:59:03 pm »
Иначе, тоа што се гледа е микрофонче, не кабел, може да се зборува на мобилен преку дисплејот, има блутут опција ...


Па ми беше чудно искрено да ти го оставиле така...затоа прашав.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #148 на: 02 Мај 2011, 20:11:06 pm »
Предпоследната слика ,таа од позади со регистрацијата, таму се гледа камерата кај е поставена. И јас би ја поставил во браникот внатре, вака ептен не сигурно ми делува.

Не ја видов таа слика, и јас би ја ставил или во браникот, или ако е можно би ја ставил во штопот... тоа би било, нај нај најдобра работа ако може тамо да биде...

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: "Carbon" Opel Astra GTC 2006 Ecotec 1.4 66KW Enjoy ....
« Одговори #149 на: 02 Мај 2011, 22:19:24 pm »
prekrasno prekrasno me interesira kolku pari te kostase karbon folijata i od kade ja nabavi ?

mozes i na pm da mi pises cena ne e problem :D