Автобусите се специфична прикаска.Се работи за каросерии од една фирма, мотори од друга, менувачи од трета, абс и други останати уреди од n-та фирма и сите тие се подржани од посебни уреди за секоја единица посебно.
Сем ако автобусот не е изработен од една фирма во комплет, да речеме Волво автобус-доколку таков постои и да биде во комплет подржан од еден уред.
Друга е прикаската со камионите.
Во однос на конекторот, до скоро сите беа со различен, но 2012 треба кај сите да биде OBD стандард.
Можеби треба да ги контактираш од bosch тие имаа некоја таква понуда за нивниот уред KTS,меѓутоа и уредот и софтверот како и апдејтот се многу скапи.Еден апдејт на годишно ниво повеќе од 900 евра, за продолжување на лиценцата иначе уредот е вон функција.До сега можеше да се најде хакирана верзија, но од оваа година регистрацијата оди преку интернет и ќе мора се да се плати доколку сакаш уредот да не ти фаќа прашина и да биде џабе фрлени пари.Сите производители на вакви уреди веќе се штитат на овој начин и нема више џабе ни код бабе..