Автор Тема: Фолксваген Лупо се гаси на сред возење  (Прочитано 430 пати)

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
На сред возење ми се гаси цела кола како кога снемува струја. Му треба две три минутки да се опорави, и после се пали и си работи добро. Само, ќе се створи збрка во сообраќај. Те чекаат да тргнеш на зелено, а колава стои во место.

Какво е вашето искуство со Фолксваген Лупо?
Ми спомнаа дека е најверојатно електричен проблем, но еве да чујам мислења.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фолксваген Лупо се гаси на сред возење
« Одговори #1 на: 10 Март 2024, 17:33:54 pm »
Губи маса, и кај мене на астрата понекогаш, но немам време да ставам додатен кабел.

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Фолксваген Лупо се гаси на сред возење
« Одговори #2 на: 10 Март 2024, 17:59:46 pm »
не разбирам, „губи маса“?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фолксваген Лупо се гаси на сред возење
« Одговори #3 на: 11 Март 2024, 10:35:09 am »
1. Маса на автомобилот е т.н точка на заземјување односно поврзување со шасијата на автомобилот која подоцна служи како референтна точка за електричните кола, за да обезбеди стабилна и сигурна работа.
2. Просто кажано кај тебе има проблем во конекцијата од некој кабел кој е поврзан од шасија до минусот на акумулаторот или компјутерот на колата, па губи напон и не може да работи како што треба.
3. Провери и полнење на алтернатор кај некој што продава акумулатори или авто електричар.