Сега ми текна која кола е, добредојде назад!
Фала фала на добродошлица!
Лепота. Многу имам мерак, ама недостаток на пари и време а и малце способност, и вештина со раце, да си реставрирам една Buba, Citroen Спачек, дијана или рено 4.
Фала
Најбитно е што си имаш мерак. Точно, не е баш ефтин спорт со олдтајмериве, ако е пример ова ефтина кола така и замислена а и когај била нова Дијаната, ама за реставрација и не е баш така. Меракот е собирањето делови, па чепкањето макар биле ситници па да гледаш како добива облик колата, па составањето ехеее.
Добро е што сега има и у Македонија да се најдат каросериски делови, патоси, прагови, гепекот, делот под седиштата т.е. скоро се. Ако се одлучиш да средуеш некогаш слободно пиши ми, спремен сум да помогнем увек на мераклии.