Автор Тема: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007  (Прочитано 7577 пати)

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Ете го проблемот, не дека е нешто од суштинско значење и не дека човек неможе да си ја вози колата без тоа, но ајде. Воопшто се прави ли, ако се прави дали има ризици, и евентуално препорака за еснаф мајстор.
Благодарам однапред.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #1 на: 26 Март 2011, 16:52:23 pm »
hmmm neznam kolku ti se isplaka da go popravas(premotuvas), Jas sa opelot najdov za 300 deari, na staro, pa pobaraj po odpadi, samo vnimavaj, modelot MORA da bide ist, inaku ke strci, nema da lezi. Inaku ako majstorot e barem malce majstor ema nikakov rizik,

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #2 на: 26 Март 2011, 17:40:33 pm »
На времето мотање беше околу 300 денара. Сега, за 1000 ќе купиш појјаки од фабричките, сигурно се работи за 10''

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #3 на: 26 Март 2011, 18:08:15 pm »
ama ne e ubo eden fabricki eden inakov, a zavisi i od lezistata kakvi im se...

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #4 на: 26 Март 2011, 18:24:54 pm »
Ете го проблемот, не дека е нешто од суштинско значење и не дека човек неможе да си ја вози колата без тоа, но ајде. Воопшто се прави ли, ако се прави дали има ризици, и евентуално препорака за еснаф мајстор.
Благодарам однапред.
Од оние твитерчињана (високотонци) мали? Или звучник асален 10цм? Како и да е би ставил пар нови и асални.

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #5 на: 26 Март 2011, 19:17:32 pm »
Ете го проблемот, не дека е нешто од суштинско значење и не дека човек неможе да си ја вози колата без тоа, но ајде. Воопшто се прави ли, ако се прави дали има ризици, и евентуално препорака за еснаф мајстор.
Благодарам однапред.

Еснаф мајстор за мотање на звучници е Влатко од Водно кој работи многу чесно повеќе од 15 години и е еден од најпознатите во градов.Него го познавам уште кога почна да работи и можам да ти кажам се најдобро за него.Телефонот му е 070 311 128

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #6 на: 26 Март 2011, 20:33:41 pm »
Благодарам луѓе!
Да појаснам, станува збор за „ситемски“ звучник кој ги репродуцира звуците на пример кога се вклучени трепкачи (популарниот цик-цак звук), кога е заборавена врата, заборавени светла, заборавени рачна, значи звучник кој е интегриран во шалт таблата на автомобилот. За да се сервисира потребно е да се отвори цела шалт-табла и одлеми, а потоа и залеми ист или компатабилен таков. Вака на зборови, многу едноставно но во пракса сигурно е друго.



Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #7 на: 26 Март 2011, 23:04:58 pm »
Тоа цикцак е од реле не од звучник
тоа светлата што свирка кога се заборавени е сензор со вградено пиезо звучниче
Неверувам дека има звучник туку нешто друго е проблемот

........поправетеме ако грешам............
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #8 на: 26 Март 2011, 23:54:54 pm »
Тоа цикцак е од реле не од звучник
тоа светлата што свирка кога се заборавени е сензор со вградено пиезо звучниче
Неверувам дека има звучник туку нешто друго е проблемот

........поправетеме ако грешам............

Прегорен звучник како проблем е дијагностициран од Кадис сервисот после компјутерска дијагностика, но кој ли го знае.
Мене ми стои наједноставно дека е звучник бидејќи кај трепкачите е еден звук, а кај заборавени светла и подигната рачна кочница е „динг-донг“ звук. Значи репродуцира повеќе типови звуци, секако не е исклучено да се повеќе извори на звук но не е инжинерски пристап. Германската школа на инжинерство се каректеризира со чисти, едноставни и практични решенија, што ми дава надеж дека станува збор за само звучник.  ???
Не е суштински дефект, се може и без него, но расипува кеиф.
Информирам за развојот, не сум сретнал досега по форуми таков дефект.
Знам само дека во Битола една фирма м-теч мислам се викаше има сервисирано форд мондео 2006 со таков проблем.
« Последно менување: 27 Март 2011, 00:13:03 am Obicen »

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #9 на: 27 Март 2011, 20:45:03 pm »
Ако е сигнално звучниче не се замарај... иди си во логин системи, и купи си мало и квалитетно као компјутерско звучниче. монтирај го и уживај не се замарај со друго

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #10 на: 27 Март 2011, 22:44:53 pm »
Може и да не е прегорен звучникот, можеби треба само да се активира опцијата за звучен сигнал со тестер.
Чудни ми е да прегори при промена на акумулатор, но да го изгуби подесувањето  за звучен сигнал е многу можно.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #11 на: 27 Март 2011, 22:55:30 pm »
Може и да не е прегорен звучникот, можеби треба само да се активира опцијата за звучен сигнал со тестер.
Чудни ми е да прегори при промена на акумулатор, но да го изгуби подесувањето  за звучен сигнал е многу можно.

Во потполност се согласувам...Веројатно е некоја од опциите ресетирана, но малку е глупаво за овака банална работа да мораш да одиш во сервис..
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #12 на: 27 Март 2011, 22:57:18 pm »
Може и да не е прегорен звучникот, можеби треба само да се активира опцијата за звучен сигнал со тестер.
Чудни ми е да прегори при промена на акумулатор, но да го изгуби подесувањето  за звучен сигнал е многу можно.

Да пие вода и тој мубает, моментално сум по Интернет потрага по сличен проблем...и сите се чудат!
Ако е активирање на опција, значи стаува збор за софтверски проблем (и голема брука за Кадис), ако е прегорен звучник тогаш е хардверски проблем.
Како е и да е, во интерес на општото и заедничко знаење редовно ќе информирам за целата работа.
Ќе контактирам и малку надвор за да го идентификуваме проблемот, значи од една страна е тврдењето на Кадис кој сепак нели е овластен и по дифолт најточен на темата, а од друга страна пак многу познавачи на нештата ме убедуваат дека да прегори звучник за таа намера е многу, многу малку веројатно.
Малку нездраво ама просто сум „опседнат“ со проблемот.
« Последно менување: 27 Март 2011, 23:45:24 pm Obicen »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #13 на: 27 Март 2011, 23:37:57 pm »
Може и да не е прегорен звучникот, можеби треба само да се активира опцијата за звучен сигнал со тестер.
Чудни ми е да прегори при промена на акумулатор, но да го изгуби подесувањето  за звучен сигнал е многу можно.

Во потполност се согласувам...Веројатно е некоја од опциите ресетирана, но малку е глупаво за овака банална работа да мораш да одиш во сервис..

Така е, само што му треба тестер... ;)

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #14 на: 27 Март 2011, 23:47:23 pm »
Може и да не е прегорен звучникот, можеби треба само да се активира опцијата за звучен сигнал со тестер.
Чудни ми е да прегори при промена на акумулатор, но да го изгуби подесувањето  за звучен сигнал е многу можно.

Во потполност се согласувам...Веројатно е некоја од опциите ресетирана, но малку е глупаво за овака банална работа да мораш да одиш во сервис..

Така е, само што му треба тестер... ;)
Нема ништо лошо и апсолутно легитимно е! :) Почитувам at all!