Почитувани форумџии,
Прво да се извинам што ќе ве вознемирам и ќе ја нарушам хармонијата на форумов.
За жал, дојде ред да се најдам во незавидна ситуација и да морам да ве замолам за помош
Пред краток период на чичко ми му беше дијагностициран тумор на мозокот и сега е на зрачење и останати третмани.
Чичко ми и стрина ми се невработени а исто и мојот братучед - живеат во населба Аеродром-Скопје и моментално имаат многу трошоци кои не се моќни да ги покријат со оглед на состојбата.
Е сега, зборот не ми е за хуманитарна помош туку би сакал ДА ВЕ ЗАМОЛАМ кој е во можност да понуди некое работно место за братучед ми кој е на возраст од 24 години, има работено, бара работа, може и сака да работи, има работено како келнер, има работено физичка работа, знае од компјутер... Не е дека ќе бира работа туку да напоменам што знам дека може и има работено...
Ако на вас или на ваш близок човек му треба нововработен ве молам да ме известите тука или на мојот мобилен телефон: Диме 071-250-907 или директно со братучед ми Златко - 078-234-825 кој патем не знае за мојот потег...
Нека биде далеку лошото од сите нас.
Уште еднаш се извинувам што морав да отворам ваква тема.
Однапред благодарам.