Леонот на Зеро не беше 115 коња туку 110 што е мнооогу разчличен мотор, овој од огласот е пумпа дизна мотор и треба добро да се прегледа 200 000км за него не се многу, на таа километража можно е да му е отиден двомасниот замаец кој е поскап дефект околу 400-500 евра друго не би требало ако е возен со квалитетни масла и одржуван редовно.
Околу возењето дали е тврдо или меко тоа е прашање на вкус, точно е дека има малку повеќе тврдо возење мислам дека со ваков мотор ќе го занемариш тоа, моторот е звер сила има на претек, а можеш да погледнеш и некој голф 4ка со истиот мотор имаат за нијанса помеко возење од леонот. И што и да гледаш гледај да се километрите реални и да се максимум до 200 000 да имаш барем уште 100 000 пред да почнат скапи дефекти.