Автор Тема: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique  (Прочитано 8995 пати)

Отсутен megatron

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« на: 24 Март 2011, 20:49:21 pm »
Zdravo, bi sakal da slusnam mislenja za ovaa kola/model - posebno ako ima nekoj od licno iskustvo da kazi bi bilo super :)
*potrosuvacka
*kvalitet
*odrzuvanje
* i dr ...

Zainteresiran sum za voziloto , i imam i dobra ponuda na Dynamique + 17"bandasi

p.s. bez hejterski muabeti pls

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #1 на: 24 Март 2011, 21:44:07 pm »
како што видов негде на нет колава 1.4тце динамик ниво на опрема е 13990 евра што според мене е топ понуда моментално на пазарот затоа што добијаш супер мотор мислам декоа околу 200нм на 2300 обрати 130 коњчиња турбинче мераци, плус и колава убава екстериер ентериер многу добро изгледа е сега јас појше би одел на купето по фаца е од берлината ама па и 2000 евра е поскапо. опрема гз преку глава за таа класа на возило и за тие пари има мнооогу опрема и мнооогу добар мотор така што чим имаш добра понуда која што не верувам да е повисока од акцискава цена од 14000 евра не му ја мисли зимај супер кола според мене. е сега за возните својства ќе си прашаш некој друг ама француско ауто удобна вожња плус добар турбо мотор барем јас очекувам колата и во тој поглед да е добра

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #2 на: 26 Март 2011, 02:37:01 am »
Тука на оваа тема најкомпетентен е Бушав меган, он цел живот вози французи, особено мегани... а сеа моментално  во двор има 2 или 3 мегани 1.4 дци :)

А воедно и јас сум заинтересиран, за меган... во план ми е да купам дизел меган али модел од 2005/6 па нагоре 1.4 дци со 6 брзини...

Бушав ај помагај...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #3 на: 26 Март 2011, 11:44:33 am »
Ајде го чекаме да се изјасни бушав за меганот. А иначе можи на напоменам дека можи да се пишат и други понуди за од прилика таа цена ама да е турбо бензин. Да не е голф или VW групација, затоа што дечкото има алергија против нив :D :D :D
Што мислите за Фиат браво и Ланчиа делта  ..........?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #4 на: 26 Март 2011, 11:48:21 am »
Ајде го чекаме да се изјасни бушав за меганот. А иначе можи на напоменам дека можи да се пишат и други понуди за од прилика таа цена ама да е турбо бензин. Да не е голф или VW групација, затоа што дечкото има алергија против нив :D :D :D
Што мислите за Фиат браво и Ланчиа делта  ..........?
Ќе се напие еден Летизен од сабајле и готово.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #5 на: 26 Март 2011, 13:22:16 pm »
Ајде го чекаме да се изјасни бушав за меганот. А иначе можи на напоменам дека можи да се пишат и други понуди за од прилика таа цена ама да е турбо бензин. Да не е голф или VW групација, затоа што дечкото има алергија против нив :D :D :D
Што мислите за Фиат браво и Ланчиа делта  ..........?

Фиат не фала, А другар мој имаше Делта турбо, и бидејки премногу трошесе не ја повозе ни година и ја продаде :)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #6 на: 26 Март 2011, 13:30:43 pm »
Ајде еве ме!
Во однос на последнава генерација на меган не би можел да се изјаснам и да донесам било каков заклучок.
Башка од мегани сум ги возел само моторите од претходната генерација
1.4 атмосферц-Точак
1.5 дци 82кс домакинско,штедливо,врши работа
1.5 дци 105 кс одлично,по мене најдобра варијанта
1.6 атмосферец 115кс 1,5 година го возам и можам да кажам дека е солиден
1.9 дци Ѕвер
За 1.4 турбо неможам ништо да кажам освен муабети дека било фино моторчето и дека последнава генерација е многу понапред во изработка итн. ама... уште не сум проверил!
Така да испаѓа дека не би можел никако да помогнам!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #7 на: 26 Март 2011, 13:36:50 pm »
Сеа јас да те прашам нешто...

1.5 дци 82кс домакинско,штедливо,врши работа
1.5 дци 105 кс одлично,по мене најдобра варијанта

За овие 2 мотори... за мењачите... тој од 82 кс го има во изведба само со 5 брзини??

Или се поделени 82 кс - 5 брзини ,  и 105/6 кс со 6 брзини, или има и од 106 кс, со 5 брзини???

Ова ме интересира да ми кажеш...

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #8 на: 26 Март 2011, 14:52:15 pm »
Ја имам Астра 1.4 турбо и што сум праел муабети викаат дека Меганот 1.4 турбо (иако има 10 коња мање) е пожив, поштедлив, поеластичен (подобар мењач).
За квалитет и одржавање јас незнам ништо да кажам зашто никад не сум имал Рено. Генерално муабетиве се дека Рено е најбољи француз...

Еве споредбен приказ меѓу астрата и меганот (меганот е доста бољи):
Duel : Opel Astra IV 1.4 Turbo vs Renault Megane III 1.4TCe
« Последно менување: 26 Март 2011, 15:30:07 pm Gaston »

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #9 на: 26 Март 2011, 16:10:40 pm »
1.5 82 или 86 има само со 5 брзини
1.5 102 или 106 има само со 6 брзини


Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #10 на: 26 Март 2011, 20:53:18 pm »
1.5 82 или 86 има само со 5 брзини
1.5 102 или 106 има само со 6 брзини



Фала другар...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #11 на: 27 Март 2011, 12:02:27 pm »
Што се случи со муабетот? Според мене најважно нешто кај менувачот е да не тресе во 2ра без гас и уште поважно 120 во последна брзина да е на што помалку вртежи (околу 2000). Не е толку важно колку на број брзини има.

А гледам со порастот на горивово и со тоа што ќе не покрадат со Либија и избори, мислам дека треба да се гледа помалата потрошувачка. Еве имаме еден член со Астра турбо и троши поприлично гориво. Околу 13 иако се смета дека со нормално возење ќе спушти 1-2 литра без проблем. Од друга страна ТСи-то на Голф е околу 7 литри, еве нека е и 8. Јас не сум возел меган тце за да знам, и потрошувачката ќе се движи во тие рамки на неговите конкуренти од 8 до 12 литри. Од друга страна дци сметам дека е доста солиден мотор кој го има другарче и е во рамките на 5-6 литри (помало возило), така да во  меганот треба да е околу 6-7 литри, што мислам дека е доста добар избор. Чисто гледано од логични причини, ако се тука некаде цените на самото возило мислам вреди да се разгледа дизелот. Особено ако ги задоволува потребностите што ги кажав на почеток за менувачот.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #12 на: 27 Март 2011, 20:13:23 pm »
Дени, истото и јас го мислам...  значи сакам колата што помалце да ми троши... а за 6-та брзина идам со таа теорија дека... еве пример меганот 1.5дци во 4та на 120кмч е на 3200 обтаи, во 5-та е на 2800, а коа би имал 6-та сигурно би паднал и би бил 2500...

Значи и затоа ја викам, сеа коа би зимал би го земал тој модел, со 6 брзини... сугурно е боље од тој со 5 брзини

Отсутен megatron

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #13 на: 26 Април 2011, 09:32:11 am »
pred 5 dena si go zedov megan-ot, ljubov na prv pogled :) pominav skoro 400km
gradska voznja (za veligden niz bt vo extremna guzva) prosek megu 9-10 litri na 100
otvoreno 6litri na 100km so 3000 obrtai na 110-120km/h
custvo = moknost + udobnost :)

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Megane 3 Berlina 1.4 tce 130hp Dynamique
« Одговори #14 на: 26 Април 2011, 11:09:39 am »
so zdravje da si go vozis.
Otvoraj tema i zakaci sliki.

Velis 120km na 300 obrtai.
Ne bi trbalo barem na 2500 obrtai ili ispod  da e?

Kaj mene sto ne e turbo pa na 120km/h e 3000 obrtai.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!