Да, сепак превише троши, без оглед колку и да тежи.
Иначе Гојдо, ја пишав дека е 1503 кила (видов на утоварен лист). Баш поради таа тежина мораше да иде на хомологација и десетина дена неможев да ја земам иако беше стигната во Скопје. Се чудеа и луѓето во продажба зашто тежи толку кога регуларно им доаѓале со макс до 1400. Па демек ги прашале дечките у сервис и као рекле - спортското вешање највише, 18ки и се што е доплатено е потешко као навигацијата доаѓала со некое подобро озвучење, па некои други доплати и демек 5 по 5 = 100 кила ... што некако мене не ми држи вода, али ај, нека им е.
Колку што прочитав се работи за Cosmo верзија со flex ride подвозје.
Сета дополнителна опрема додава плус на тежина а изгледа и подвозјето си е тешкичко па излегува 1,5 Т.
Еве на пример разликата кај АСХ/от помеѓу моделот со погон на две и на сите 4 тркала е негде 100 кг плус.
Од основниот модел на АСХ Информ (Бензин) до следниот Инвајт (Бензин) , разликата е 80 кг плус а од ставки ги има плус, автоматика на светла и брисачи, автоматска клима, Команди на волан, паркинг сензори, алу фелни, апхил-даунхил контрола, и некои други ситници што не би требало да тежат многи. Така да не ме чуди што е толку тешка.
А за потрошувачката, навистина е многу 13 литра па нека е и градска, нека е и агресивен возач, нека е и тешка колата. Сепак се работи за турно бензинец со 140 кс и не би требало да арчи толку според мене.