Автор Тема: Патување со автомобил до Црна Гора  (Прочитано 6745 пати)

Отсутен deljo12

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Патување со автомобил до Црна Гора
« на: 04 Август 2012, 17:17:23 pm »
Здраво,

Дали некој ќе биде добар и да даде објаснување и карактеризирање на патот со автомобил од Скопје до Црна Гора (Херцег Нови), преку Косово и Албанија. Секоја информација е добредојдена: состојба на патот оваа сезона, потребно време, патарини, места за одмор, гранични премини, преку Брезовица или преку Урошевац, колку е плинот во Црна Гора, итн (се што ќе ви текне).

Ви благодарам однапред

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #1 на: 04 Август 2012, 17:26:55 pm »
Сум бил во Будва пред неколку години, сум бил и Суто море и Улцин...
Будва е преубава но веке е голем град и е скапа, и претежно за помлади затоа што имаат журки не дека не, имаш места кои се „надвор од будва“ на километар оддалеченост, тамо ке пројдеш доста поевтино ако се одлучиш за будва...
Суто море исто така ми беше прекрасно и не е баш скапо (бар пред некоја година не беше)
Улцин е чуден, полн со албанци (не косовари) и песокот на плажа и во вода е ситен како брашно со тоа што при најмал ветер ти ги пуни очите со песок :)
се патува околу 7 саати или ако идеш да не е преку косово, тогаш до 10-12 саати...

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #2 на: 04 Август 2012, 17:31:29 pm »
А. по пат како помина ?  ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #3 на: 04 Август 2012, 17:33:03 pm »
Патарини немаш, места за одмор не ми беа потребни, за плинот не знам :)

Јас одев преку Урошевац, па по автопат се симнуваш во Албанија кај Lac, таму се дели патот лево за Драч и Тирана, десно за Скадар, цепаш десно. После одев преку Скадар накај Подгорица, не се симнав тука на море затоа што сакав да ја избегнам гужвата, а и за Хрватска одев јас.

Патот до Урошевац ти е познат претпоставувам. Пред да почне автопатот имаш километар два максимум макадам, уште не е направен тој дел. После патот е одличен се до Скадар. Од Скадар накај Хани и Хот (црногорска граница накај Подгорица) се прави, добар дел е направен ама необележан и со кружни текови кои исто така не се обележани. Има на неколку места по 400-500 метри макадам, и на крај пред граница е исто али километар два можеби. Во црна гора е супер патот.

Имаше доста полициски контроли низ Албанија, внимавај на тоа. И возачите се максимално неписмени и суицидни би рекол :) Очигледно им недостасува некој дел од мозокот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #4 на: 05 Август 2012, 01:57:26 am »
Патот, ако идеш преку косово е прилично добар (ако може така да го наречам) а ако си решил да го избегнеш косово, е тогаш патот е катастрофа, многу голем број на кривини а на доста места треба да проагаш на работ од провалија :)
целиот проблем со проаѓањето преку косово го имаат оние кои сакаат да ја посетат србија после тоа :) друг проблем нема да имаш

навигацијата преку телефонот мој кажува дека треба да се иде преку Албанија (веројатно има некој нов пат) би возел 6ч и 6мин според него, и има само 394КМ...
е сеа ја во грција идев годинава имаше 304км и се возеше 2ч и 50мин, а телефонот ми викаше 3ч и 3мин :)
значи сепак изгледа не е нај нај патот...

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #5 на: 05 Август 2012, 12:48:05 pm »
Ја вечер идам,ајде пакуј се и по мене,заедно ќе идеме :)
Патот си е супер,со ГПС нема да имаш проблем ич,вака ќе треба малце да прашуваш по селата. :D

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #6 на: 05 Август 2012, 16:46:59 pm »
Здраво,

Дали некој ќе биде добар и да даде објаснување и карактеризирање на патот со автомобил од Скопје до Црна Гора (Херцег Нови), преку Косово и Албанија. Секоја информација е добредојдена: состојба на патот оваа сезона, потребно време, патарини, места за одмор, гранични премини, преку Брезовица или преку Урошевац, колку е плинот во Црна Гора, итн (се што ќе ви текне).

Ви благодарам однапред

Јас бев во Јули на одмор во Макарска и одев по истиот пат по кој што ти сакаш да одиш. Ќе почнам по ред по кој што ти си ги поставил прашањата.
- Состојбата на патот ти е во главно добра. Ако одиш од Урошевац, Штимље па накај Призрен треба да знаеш дека патот кај Дуље до Сува река е во изградба и едно 5-10км се влечкаш по земјен пат.
Преку Брезовица не одев, но можно е да е подобро бидејќи е таква состојбата.
Понатаму од Сува река па се до море скоро ти е убав автопат 190км од прилика, во главно угорница 7-8% со 3 ленти и тунел од 5км кој не се плаќа.
Имаш само една бензиска на автопатот после тунелот на идење колку што памтам така да таму ти е фино за одмор.
- Од кога ќе ти заврши автопатот тераш десно за накај црногорска граница. Можеш да ја пројдеш од кај Шкодра (па над Скадарско езеро) или накај Улцин (под Скадарско езеро).
Јас одев од кај Шкодра зошто ми кажаа дека патот од кај Улцин бил лош. Патот по кој јас одев беше во поголем дел добар, со исклучок на последните 15-20км од граница каде те има пат, те нема, наместо кружен тек има купче земја и слично... Тука треба да внимаваш зошто има доста неасфалтирани делови и доста улетани шизици со стари коли.
- Од кога ќе пројдеш црногорска граница во главно патот е добар и е со две ленти. Јас идев преку Подгорица и преку мост и тунел кај Скадарско езеро (2,5еур се плаќа за тунелот) по што се пушташ доле Чањ, Буљарица, Петровац итн.
Од кога ќе се пуштиш по тој пат ќе тераш накај Тиват каде што имаш фериброд за 4,5 евра кој го сече Котор и ќаруваш 50км пат и скоро саат време вожња.
- Патарини немаш, граничните премини брзо се проаѓаат (во зависност од гужва, среќа и сл.), еколошката такса од 10еур во Црнагора е укината.
- Потребно време од прилика ~8 саати, просечна брзина во Црнагора ти е 60км/ч.

Тоа е тоа, ако ми текне уште нешто ќе ти пишам :)

Отсутен deljo12

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #7 на: 05 Август 2012, 18:55:11 pm »
Ви благодарам на сите, ако имам уште нешто, ќе ве допрашам :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #8 на: 06 Август 2012, 13:58:54 pm »
Zavisi so sto prasak ke doprasis, takov odgovor ke dobies. :) sreken pat!

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #9 на: 06 Август 2012, 21:30:46 pm »
Ако има некој во Црна Гора нека пише да се видиме,еден јадрански собир да напраиме ;D

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #10 на: 25 Септември 2024, 14:39:53 pm »
Дечки ке идам до будва на 5-6 дена од утре , дали може некој што бил да ми каже дали се тера уште истата рута косово албанија па десно кај Лач, па накај Улцињ и после покрај обала накај будва. Е сега дали попатно има кај да се застане некое ок место( со дете сме 3 год и ке биде со паузи) освен NBT Oil бензинската кај што сите сопираат. И некое кафанче ова она препораки за во будва? Ке се иде и до пераст , котор и сл ама натенане ако има време .
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Патување со автомобил до Црна Гора
« Одговори #11 на: 25 Септември 2024, 15:40:44 pm »
Терај преку косово албанија па скадар. Само внимавај после влез во црна гора имаш еден триаголник кога и по табла дури пишува бар но тој е многу тесен пат и на места многу лош асфалт. Често и навигацијата знае да го преферира тој пат но едноставно игнорирај го и фати си преку улцињ.