Здраво. Да ви се преставам и јас со моето возило.
Зедов Opel Vectra - B caravan 2.0 DTI.
Според согласност за регистрацијата од 2000 година, тип на мотор X20DTH, 74kw.
Слики ке ви покажев од интернет ама го избришале огласот, така да кога ке можам следуваат слики.
Е сега вака има неколку мани кои ги знаев и пред да ја купам, така да сега ме интересира само како можам да ги елиминирам.
Клучевите, сијаличките светат кога притискам по нив ама не ми функционира далечинското отворање/затворање, инаку централното си работи перектно.
Со климатроникот имам проблем, денес ме пратија кај 300 мајстори, ама според поговорката многу бабици-ќилаво дете, незнам каде што како да отидам. Според електричарот струја до компресорот доаѓа, и тој ме праќа на друго место да се провери системот каде сеуште не сум отидел.
во станицата за технички преглед ја приклучуваа со две црева вакум, и компресија, и процесот се повтори двапати, и на третиот пат вработениот го прекина процесот.
друго моментално немам проблеми, само морам да го направам првиот сервис(филтри, уље) откако е увезена колата од италија
Така да ако знаете некое решение за моите проблеми, и што како филтри, уље се потребни кажувајте, па понатаму ке селдуваат фотки и други искуства со автомобилот.
Секое добро на сите членови, и имајте пријатна вечер.
Поздрав од Штип