Еве нели како што е ред конечно и јас да го претставам моето возило, малку касно, член сум веќе година ипол, ама пуста мрза, ај денес, ај утре ќе сликнам и така, возилото е Seat Ibiza 6L 1.9 SDI Stella, 2005 година.
Опрема:
ABS, серво, електрика на прозорци и ретровизори, греење на седишта и ретровизори, клима, деллива задна клупа 60:40, волан подесив по висина и длабочина, седишта подесиви по висина, магленки, радио со цедејки, итн..

Возилото нема претрпено никакви промени одкога е купено, што значи се си е стандард на истото. Има поминато 105 000 километри со своите редовни сервиси и можам да го препорачам како доста економично и доверливо возило, потрошувачката по борд компјутер може да биде и 3.5 l/100km како што имам постирано во темата за измерена потрошувачка, меѓутоа успевам да добијам просeчна од нешто помалку од 5 l/100km лето, пролет, есен, додека зимно време е нешто над 6 l/100km што е очекувано од еден дизел без турбина, но затоа неможе да се пофалам со некои луди перформанси, сосема задоволувачки за возење во нашиве градски услови. Тоа е тоа, еве и некоја слика, ако имате некои прашања повелете...





