Еден од најпопуларните персонални компјутери на сите времиња, 8-битниот Commodore 64, беше претставен на Consumer Electronics Show во Лас Вегас на почетокот од јануари пред 30 години.

Во тоа време, Commodore 64 чинеше 595 американски долари, а во Европа пристигна дури есента 1982. Поради ниската цена (во споредба со тогаш популарниот Apple II) и добрите перформанси, стана најпродаван модел на персонален компјутер и доминираше на светскиот пазар од 1983 до 1986, со пазарен удел помеѓу 30 и 40% и два милиони продадени примероци годишно. Вкупно се продадени околу 17,5 милиони. Имајте во предвид дека во тоа време компјутерите не беа присутни во домовите како денес.
А што е со хардверот?
Commodore 64 имаше 8-битен MOS Technology 6510 микропроцесор со работен такт од 0,985 MHz , 64 килобајти RAM, 20 килобајти ROM, одлични (за во тоа време) звук (SID чип со три канали)и графика (VIC-II графички чип со 16 бои)
Дел од неговиот успех му се припишува на фактот дека можеше да се набави во обични продавници, наместо исклучиво во продавници специјализирани за електронска опрема. Commodore ги вчитуваше програмите со помош на касета, проследено со карактеристичното крчење кое за генерацијата што израсна со него претставуваше синоним за работа и забава со компјутерот.
Доколку сте од генерацијата која порасна со Commodore, едно потсетување како изгледаа игрите за Commodore кое ќе ви врати убави спомени. Доколку сте од помладите кои пораснаа со компјутерите од новата генерација, во мое време гејмингот изгледаше вака:
http://kajgana.com/trieset-godini-commodore-64----------------------------------------------------------------------------------------
Long live C-64. Seuste se naoga pod nekoj krevet
