Препорака за графичка: Radeon 5770, 6770 или GeForce 550, 560
Radeon nakaj 100 evra Nvidia nakaj 130 evra
Ај да сумирам. За да играш современи игрици во твојот случај ќе треба покрај графичка картичка да промениш и процесор, т.е. да ставиш C2Q 9550 и ништо подолу од тоа. Или пак да промениш цела платформа. За препорака на графичка, ќе ги прокоментирам дел од предлозите како не компетненти:
GT 240 во никој случај нема да ти заврши никаква работа. Практично ќе ти биде корисна колку и оваа која ја имаш во моментов, т.е. ќе биде побрза само за стари игри, од пред 2 години. Во однос на онаа која ја имаш е 2-3 пати побрза од онаа која ја имаш меѓутоа технолошки е застарена и нема DX11 потдршка. Практично микро-архитектурата на таа графичка е стара 4-5 години.
5770/6770 се исто така промашај бидејќи за модерните игри се преслаби, а посебно 6770. Доволни се за игрички кои имаат скромни побарувања и во однос на GT 240 ќе понудат малку подобри перформанси и потдршка за DX11.
GeForce 560 е веќе друга приказна, дупло е помоќна од 5770/6770 и во моментов важи како best buy картичка во светот, односно како картичка која нуди најмногу перформанси за дадените пари, а воедно и е доволно моќна за да се користи за гејминг. Згора на тоа перформансите на оваа картичка се во склад со перформансите на процесорот Кор 2 Квад 9550 за гејминг. Па така ќе имаш некој оптимално конфигуриран систем за играње. И секако минимум 4 гига РАМ се неопходни за денешните игри.
Значи дефинитвно мој совет за избор на графичка е ЏиФорс 560, но заедно со надградба на процесорот или целата палтформа.