Темава можеби некому ке користи...Па и затоа решив да ја постирам...Неколку пати до сега го имам правено ова, но овојпат ми текна на време па го издокументирав со слики...
Имено кај 306-ката бравата и механизмот за централно отклучување/заклучување се сместени во едно куќиште. Уште од дамна престана да функционира системот отклучи/заклучи, па заради високата цена на оригиналниот дел, решив да ставам од оние универзалнине моторчиња...за жал едното траеше цели 6 месеци прад да цркне, а другото траеше само неколку недели...
Цената нивна беше 150 денари као за поквалитетни
Тури им пепел...На старо си најдов друга комплетна брава со централно за 20 евра, па си ја пазарив...
Замената не е баш едноставна па така да доколку немате живци и знаење, ви препорачувам да си одите на мајстор и он да ви ја изврши поправката.
Во спротивно ке испокршите еден куп осигурачи, еден куп држачи а може и некоја пропратна пластика...+ ако работите во недела или за празник, бељата е 100% загарантирана, а нервозата е неописива пошто нема од каде да набавите како за инат резервно делче
Јас за среќа пошто три/четири пати сум ја отварал вратата, на памет ја знам, и + имав среќа и се се заврши без никакви скршеници
Да почнеме од вратата која изгледа баш овака:
Уште не сте почнале и наидувате веќе на првата сериозна препрека. Вадењето на пластиката за мануелно заклучување и отклучување. Со повлекување нагоре и притискање на осигурувачката пластика низ дупчето пластичето ке ви остане во рака. Внимавајте составено е од два дела, да не го изгубите едниот, после ке нема да може да го наместите назад...
Рачката за прозор едноставно се извлекува со употреба на сила.
Следен чекор е вадење на оквирот на рачката за отварање на вратата. Внимателно со поткревање од страните подигнувајте ја подеднакво од сите страни...Не запнувајте зошто подоцна ке ви биде криво
На ред се трите штрафа кој ја држат рачката за затварање и потпирање. Со 8-че ке ги одвртите швие три штрафа и рачката ке ви остане во раце. Штрафовите ке ги воочите на сликите:
На ред е пластиката на која лежи и се лизга отклучи/заклучи пластичното копче. Со помош на торкс се отштрафува и одстранува и оваа пластика.
Сега сме ги ослободиле сите пречки, кочници, држачи и штрафчиња и може да поминеме на вадење на тапацирот...Вадењето нека биде внимателно без никакво запнување, бидејќи може да испукаат пластичните осигурачи кои го држат тапацирот споен на вратата...Затоа почнуваме од долниот дел, полека со подигнување и потпикнување на прстите или пак ке си земете некое алатче, налик на широк сплескан штрафцигер. Уствари кој ке се нафати, верувам дека ке се снајде и верувам дека знае за што станува збор
Кога ке бидеме сигурни дека сите осигурачи се откачени, тапацирот го подигнваме нагоре и го вадиме комплет.
За да дојдеме до бравата, а и нормално за да ја извадиме, ја одлепуваме термо/акустичната фолија позади која се наоѓа дупка колку да може да се пикне една рака и ако не се внимава да се испоизгребе и испоисече
Ги отштрафуваме трите штрафа прикажани на сликата. Тие ја држат бравата за вратата.
Ја откачуваме и рачката за отварање на вратата со нејзино извлекување...Нема штрафови, нема осигурачи, едноставно е заглавена со лизгање на жлеб.
Многу важно е да се откачи и механизмот за мануелно заклучување и отклучување на вратата. Овој дел е малку комплициран. Треба да се отвори дупка и на долниот дел од изолацијата како би се пикнала рака за да се извлече и овој дел од механизмот. Внимавајте како го вадите, за да знаете како го враќате...Не треба да се вади скроз, едноставно доволно е да се откачи и да се протне низ претходно отворената дупка на долниот дел од изолацијата како на сликата...Прстот го означува местото каде треба да се притисне за да излезе кругчето што се гледа на сликата.
Внимателно се извлекува бравата. Притоа треба да внимавате на двете шипчиња, едното служи за отварање на вратата, другото за мануелно заклучи/отклучи. Важно е да не ги искривите или прекршите. Претходно има и две пластични водилки на кои се прицврстени и треба да ги откачите од нив за да дојдете во положба како на сликава, а и конекторот за струја исто така треба да се одштека...Бидејќи краевите на самите жици се дупло свиткани, ке треба да употребите логика и тетрис вештина за да ги откачите. Тоа за жал не можам да ви го доловам преку слики...Едино со видео кое ке биде проследено со еден куп спомињање на поблиската фамилија на конструкторите на механизмот...Небитно тоа
Еве дел од моментот:
Вадите старата брава, ставате друга нова или половна или репарирана итн итн, и полека процесот започнува да се одвива по истиот редослед само наопаку..
Тука повторно ке има спомнување на поблиската женска фамилија на конструкторите
Да не поставувам дупли слики.
Со прстот се покажуваат оние водилки за шипчињата кои претходно ги спомнав при демонтажата а сеа и при монтажата и враќање се во нормала. Ако не ги закачите, отварање повторно не ви гине...Бидејќи шипчињата се долги, без нив истите ке се извиткаат и нема да функционира ниту рачката за отварање, ниту пак копчето за мануелно отклучи/заклучи.
Еве и еден момент при закачување и враќање на место на котурчето, односно механизмот за мануелно заклучување/отклучување на вратата. Внимавајте на овој дел, малку е заебан за местење.
На крајот се враќаат термо акустичните изолации, ако сме ги искинале, добро е да се залепат со некоја леплива трака, најчесто креп трака или пак салотејп
изолир, кој што има при рука...
Обавезно, ЗНАЧИ обавезно пред да вратите тапацир, пробајте како функционира бравата, како сте ја стегнале, дали добро работи централната единица, дали се отвара, отклучува, заклучува и како функционира...Одкако сме се осигурале дека се е стегнато, прицврстено и функционира беспрекорно, враќаме тапацир, враќаме пластики, оквири, рачки за прозор, ракохвати, штрафиме, стегаме и сме завршиле работа...
Вратата повторно е во беспрекорна функција.
Со здравје да си ја лупате, односно да ви ја лупа тој што ке седи позади возачко седиште