Автор Тема: Чистење на интеркулер  (Прочитано 2219 пати)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Чистење на интеркулер
« на: 10 Јули 2012, 14:29:30 pm »
Како што гласи насловот,би сакал доколку некој знае да каже дали и колку често има потреба од чистење на интеркулерот-се разбира внатрешно.

Мислам дека на 40-50000 km,или на секое 5/6 менување уље би било пожелно да се испере интеркулерот од талог!

Што мислите ?

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Чистење на интеркулер
« Одговори #1 на: 10 Јули 2012, 15:03:52 pm »
zavisi do sostojbata na turbinata :D

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Чистење на интеркулер
« Одговори #2 на: 10 Јули 2012, 17:09:14 pm »
Во конкретниов случај другаров вози VW Passat од 1993год. со 300000км поминато,можам да замислам каква е турбината :)

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Чистење на интеркулер
« Одговори #3 на: 10 Јули 2012, 17:37:33 pm »
Доколку е мрсен внатре нема да му дојде лошо едно перење, а плус и 300 000км нема да му дојде лошо една бања ;D

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Чистење на интеркулер
« Одговори #4 на: 13 Јули 2012, 06:51:41 am »
За ова е веќе пишувано на форумот, а имам пишувано и јас но кој ќе бара сега кај било тоа :)
Ако веќе си решил да го исчистиш еве како јас тоа го направив:
1. Во зависност од големината на интеркулерот користиш соодветна количина на 98 октански бензин која ја ставаш во интеркулерот.
2. Ги затвораш двата отвори и со протресување на интеркулерот го раздвижуваж бензинот во внатрешноста.
3. Го истураш тој бензин и во зависност од нечистотијата што ќе излези од него ја повторуваш постапката уште 2-3 пати.
4. Плакниш со силен млаз вода.
5. Сега е времето топло и идеално за чистење на интеркулерот што значи после плакнењето со вода го оставаш добро да се исуши.
6. За крај можиш повторно да го исплакниш со бензин и да го оставишп да се исуши или го сушиш со компримиран воздух.
Сушењето е од посебна важност затоа што не смее да остани воопшто вода во интеркулерот пред да го вратиш назад на своето место !!!
Ако е потребно остави го да се суши подолго време. На овие пеколни температури лесно ќе дојдиш до сув интеркулер
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!