Наскоро се очекува Ford да започне со продажбата на најновата генерација на моделот Ford Focus RS кој фасцинира со многу нешта, но секако најмногу со забрзувањето.
По најавите може да кажеме дека бројките на забрзувањето на овој автомобил навлегуваат во кругот на супер-спортските автомобили коi се со цена повисока од 100.000 евра, што навистина е одличен успех на конструкторите во Ford.
Забрзувањето од 0 до 100км/ч за 4.7 секунди по се изгледа ќе биде главниот маркетиншки момент кој Ford ќе го користи во продажбата и во привлекувањето на нови фанови.
Максималната брзина ќе изнесува 270км/ч што е сосема доволно за ривалите да се почувствуваат загрозени, а моќноста која Ford ја најави за новиот модел Focus RS ја носи 2.3 литарски турбо мотор кој испорачува 345кс.
Овој мотор е идентичен со оној кој го поседува моделот Mustang EcoBoost што секако говори дека станува за сериозен мотор.
Погонот е исто така значително подобрен од претходните верзии и поседува lunch control кој овозможува перфектен старт и одлично забрзување.
Преносот на моќноста е на сите 4 тркала што е гаранција за одличната тракција во секакви услови на управување.
Избор на менувач нема да има и моделот ќе се продава само со мануелен менувач со шест степени на пренос.
http://www.visokioktani.mk/?p=23453