Се врати у формата од 2014-2016 што ја имаше. Федерер кај и да е толку, пензијата веќе му тропа на врата. Максимум уште 2019 да се обиде барем еден турнир да освои (АО и вимблдон, само тие му лежат изминативе 2 години) ама тешко и нив да ги освои пошто Ноле ќе биде тука.
Надал со тоа колената негови прашање е и тој колку може да истера.
Останативе тенисери од младата генерација се лигуши, играчи за 1 меч. Доминик Тием ме изненади пријатно сега на Ус опен, играше како Федерер од 2004-07. Ама ако сака да освои, мора да се запне, 25 години има, кога ќе доминира ако не почне што поскоро да освои нешто.
Бидејќи веќе ќе нема озбилни тенисери, отворен пат за Ноле во наредни 3 години да издоминира убаво.