Шест децении откако беше стациониран на едни место, Mercedes-Benz S Type Sports Tourer кон средината на септември на аукција ќе го побара својот нов сопственик, кој ќе мора да издвои вистинско мало богатство за него.
Во амбар пронајден автомобил вреден милиони.
Автомобилот, рака на срце, е во неверојатна состојба, особено имајќи предвид дека е напуштен во текот на 50-те години на минатиот век, а оттогаш па се до неодамна се наоѓал во еден амбар, прикриен во прашина и пајажина, но сепак е одлично сочуван.
Без сомнение, споменатиот автомобил ќе му донесе вистинско задоволство на идниот сопственик, а посебно на сегашниот кој ќе заработи околу два милиони евра.
Ова не е првпат во напуштени помошни објекти да се пронајдат вредни автомобили. Минатата година Американец, кој што туку купил имот пронајде 180 автомобили.
http://www.idividi.com.mk/stil/avtosvet/781293/index.html