Ако сакаш да ја направиш профи, многу подобра од оригиналот ќе имаш многу работа.
Пред да тапацираш искитирај ја. Тапацирај со нова еко-кожа, и тоа барај некоја нијанса од сиво накај бело за да не ја препекува сонце и барај да е помека и подебела. Не верувам дека еко-кожата ќе те кошта повеќе од 500 денари. Лепак барај Moment Fix од Henkel, сличен е како неостик само е доста поиздржлив на температура, Ќе ти требаат три туби од по 125ml кои чинат околу 120 денари комад или ако успееш да најдеш кантичка од 800ml за 400-500 денари.
Е најтешкиот дел е кроењето. Имајќи ја формата во предвид ќе треба да ја составиш од 2 или 3 дела, и тоа има да се окозиш од работа...
Ако сакаш само да завршиш работа тогаш искитирај ја, стави прајмер и префарбај-ја.