Автор Тема: Освежувач во кола  (Прочитано 99199 пати)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #285 на: 25 Септември 2020, 00:15:12 am »
Пробајте ги на Areon елките од 40ден што се тие портокаловите ама ќе барате Paradise, многу убав мирис и доста трае. Најдобро се покажаа тие од се друго испробано за мене.  :D
Најубав мирис ми е на ванила, у 2та мерцедеса и во 2 службени имам оставено ванилици, ептен ме ќеифат


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #286 на: 25 Септември 2020, 13:14:35 pm »
Јас па го сакам оној од зелен лимон исто од ареон

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #287 на: 25 Септември 2020, 16:14:08 pm »
Ставав, ама престанав да ставам. Пулимакс, Мег'с АПЦ, Перл и чиста кола супер комбо ми се.

Тргнав по на @zeroSignal тертипот.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8695
  • Пичлеме
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #288 на: 25 Септември 2020, 20:51:33 pm »
И јас така. Ставав бабл гам, најмногу ми се допаѓаше миризбата, ама се помислив после муабетите за неставање на миривчињата.
Редовно ми е чиста колата (одвнатре), нема шлакутници, нема гомна... не ставам нешто и мириса на... шознам, на кола мириса :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #289 на: 26 Септември 2020, 01:43:45 am »
Кај мене па од самата кожа си има некоја миризба, џабе што и да ставам трае 2/3 дена и потоа пак кожата преовладува поготово на сонце ако стои по цели денови..

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #290 на: 26 Септември 2020, 09:58:00 am »
А да пробаш да ја освежиш малку кожата?

Мислам на добро чистење со квалитетно наменско средство, па после исто со квалитетно средство за одржување на кожа.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #291 на: 26 Септември 2020, 15:52:58 pm »
Муабетот ми беше дека убаво мириса.. Барем еднаш годишно ја чистам со пена за нечистотии и со четки.. а на секој 3 месеци ја мачкам со сонакс средство за кожа.. Баш слична миризба дава како тоа сонаксот..

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3811
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #292 на: 26 Септември 2020, 16:10:02 pm »
Pa taka kazi. Oti nie site ( poveketo ) sfativme koga rece mirisa na koza, deka mava na neubavo nesto 😁

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #293 на: 26 Септември 2020, 16:16:00 pm »
https://carbox.mk/product/losion-za-zashtita-na-kozha-sonax-291141/

Лосион за нежно чистење и одржување на внатрешните кожни површини во возилата, кај моторите и другите мазни кожни површини. Ги освежува боите и го враќа природниот мирис на кожата. Ефективно ја отстранува нечистотијата, маслото и другите наслаги од кожата. Ја прави кожата особено еластична и оневозможува нејзино напукнување. Силиконските восоци и восоците од пчели обезбедуваат извонредна и долготрајна заштита и ефект на одбивност на вода.

Отсутен MNikolovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 81
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #294 на: 20 Март 2021, 00:17:00 am »
Пред некој ден возев една кола и имаше од оние шишенцата и имаше мирис убав јак како машки парфем, не беше некакво овошје. Дали знаете што мирис може да е?  Имаше сина врвка на него.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Можно е да е Wunderbaum Sport. Провери низ некои од продавниците, ја сум го земал и од Рамстор.

Отсутен MNikolovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 81
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #295 на: 20 Март 2021, 00:40:35 am »
На почеток користев K2 Carat Lavender (ко крило на птица полно со виолетова течност). Не знам дали дека се уште беше нова и чиста колата или е до освежувачот, ама се уште за мене е најдобар освежувач што сум го користел. Траеше околу месец ипол, зависи од сезоната, а беше околу 100тина денари. Последниот го купив на Макпетрол кај Мечкаров пред, веројатно, повеќе од година ипол. Од тогаш го снема и лавандата и сите други мириси.

Разочаран од тоа, се одлучив веќе да не користам освежувачи :( Арно ама, еднаш случајно пробав еден од Dr. Marcus, Lucky Top Black, у стилот на Little Joe. Мирисот беше скоро идентичен како тој од погоре и одма го земав. Убаво мирисаше, ама кратко траеше, околу 3 недели а беше околу 150ден.

Подле тоа некое време немав ништо, па земав Wunderbaum Sport, шишенце. Мирисот е убав, свеж, ко на машки парфем, ама на моменти малку нападен. Го користев околу 4-5 месеци и има уште 1/4 у него ама веќе ми досади па го "поклонив". А да, добар дел ми се истури на патосници при отварање така што веројатно без проблем би терал пола година. Уште се чудам како толку мн издржа 😂

Пред некој ден успеав да најдам шишенце од Dr. Marcus, со истиот мирис (Black) од погоре ко човечето. Со надеж дека шишенцето ќе трае подолго од човечето, по искуството со шишенцето на Wunderbaum. Се работи за Dr. Marcus Senso Wood Black, ја го земав од Рамстор за 180 али глеам увозници се Еуро-Стил и кај нив е 160. Уште го неам пробано така што за ова ќе споделам искуство за некоја недела 😊


Покрај ова, у коли у кои често се возам знам дека го користеле следново:
- Wunderbaum елка со ванила мирис, мене лично не ми се свиѓа миризбата, али знам дека трае доста ко за елка, 5-6 недели у зимо/пролет/есен.
- Little Joe, поише различни миризи и сите се срање. Океј мирисаат али ееептен кратко траат, 2-4 недели преку сила, а не се ефтини.
- Wunderbaum Clip Black Ice, многу убав мирис, кратко трае ко за цената, одвај 3 недели...

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #296 на: 20 Март 2021, 15:04:43 pm »
Jas sum najzadovolen od wunderbaum i od aroma  koristam najveke elkicki sum zadovolen ne traat najmnogu no ne se skapi i si menuvam aromi  ;D

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #297 на: 20 Март 2021, 18:41:49 pm »
А што не си земете оние од орнел за простории што се 150-160 денари прсниси 3 дена мириши :D
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #298 на: 20 Март 2021, 19:12:10 pm »
Ja si ziam od onie edni kako shkolki sto se plasticni za prostorija se vlece kapakot nagore ima gel vnatre. Ima sigurno 7-8 razlicni boi i mirisi. Cenata e nekade izmegju 60 i 80 denari a trae vo kola sigurno 1 mesec bez problem. E sega mirisite ne se bog znae sto ama ete lavandata vo liljakova shkolka i ima edno vo nebesno plava skolka ne se tolku napadni i si ziam frlam pod sediste i fino si tera 1 mesec. Si gi kupuvam od vero.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Освежувач во кола
« Одговори #299 на: 20 Март 2021, 19:17:09 pm »
Јас често јадам грав, не трае долго ама интензивно е ;D