Поентата на Reasonably Priced Car секогаш била таа - да биде reasonably priced. Во тој контекст, Киата е одличен избор.
Е сега, некои работи да ги разјасниме.
Постои Top Gear во неколку различни изданија. Она што ние го гледаме на телевизија (односно преку интернет де) е Top Gear на BBC. Пошто BBC е национална телевизија за која се плаќа такса, (во англија барем) не се дозволени никакви комерцијални презентации, односно реклами или спонзорства. Така да, Top Gear на BBC нема никакво спонзорство.
За Top Gear Magazine, Top Gear Live, итн, тоа е веќе друг муабет.
Од друга страна, KIA вложува милиони и милиони во маркетинг и зголемување на Brand Awareness. Затоа спонзорираат фудбалски тимови, ово-оно. Top Gear е одлична платформа за тоа.