Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
FinalGear е прекрасен сајт и заедница. На неколку пати James May и Andy Wilman (продуцентот на Top Gear) се имаат појавено на тамошните форуми и се имаат вклучено во дискусија, а сајтот е еднаш-двапати спомнат и во емисијата. Кога Hammond го имаше удесот со драгстерот собравме пари да му купиме custom кацига, ја носеше на пар тестови и прати разгледница адресирана кон членовите на фоумот. Убеден сум дека FinalGear има огромен удел во глобалната популарност која Top Gear ја има денес.Порано бев активен член на тој форум, запознав прекрасни луѓе со кои и ден денес комуницирам. Кога на еден пријател од Холандија му се роди ќеркичка, побара од членовите од различни земји да му испратат насловни страници од весници од тој ден. Форумот е еден од најголемите на светот, таму се официјалните форуми на The Smoking Tire (на Matt Farah) и има прекрасни луѓе.Ова што се случи сигурно не е побарано од Top Gear или некои од нивните продуценти. Сигурно е од некој што е higher up во хиерархијата на BBC или BBC America, или пак од некој вклучен во снимањето на Top Gear US. Како и да е, жалосно, ама не е крај на светот. FinalGear продолжува да работи и сум горд што и моето име стои во футерот на тој сајт.