Постојат многу луѓе кои повеќе преферираат синтелонски, текстилни или теписонски патосници од гумени, што си е во ред секој си има свој вкус...
Меѓутоа, предноста и ефикасноста на гумените патосници е далеку поголема од оние теписонските...
Прво би сакал да објаснам зошто е тоа така...
Според нашето искуство и истражувањето кое е направено пред да го доби САМАД-АС застапништвото од ГЛЕДРИНГ, ни покажа дека големиот избор на кинески, турски, патосници од Дубаи итн. е најголемата причина поради која луѓето ги исфрлија од употреба гумените патосници... Таквиот избор, на неквалитетна, рециклирана, смрдлива гума го доведе до ситуација купувачот да купува теписонска патосници која не само што не може да го заштити возилото од сите нечистотии кои се створаат со тек на време, туку и создаваат непријатен мирис кој не може никогаш да исчезне од вашето возило...
Улогата на патосницата е да го заштити оргиналниот теписон кој стои над каросеријата, да го заштити од нечистотии, вода, кал, снег... Теписонската патосници никогаш не може да го постигне овој ефект, бидејќи и самата, како и оргиналниот теписон, многу лесно собира нечистотии и впива вода, со што е претешко да се одржува чистотијата во самото возило...
Теписонската патосница по чистење тешко се суши, но никогаш не можете да го одстраните непријатниот мирис кој по некое време преминува и на оргиналниот теписон од возилото.
Мое лично видување е дека гумена патосница е наменета само за во рурални средини, иако и градските не се којзнае колку чисти. Добра теписонска патосница ( оргинал особено ) нема никаков проблем со одржавање, мириси и билошто. Досега на сите возила сум имал такви и никогаш не би ги сменил во гумени. Естетски да не праиме муабет.
Кај влажноста ( после дожд и снег ) теписонските патосници полесно се сушат, бидејки влакната натопени се сушат полесно. Пенетрација на вода под нив не е можна бидејки долниот слој е од непропустлив материјал.
Дека гумените се продаваат повеќе ради цената јасно е, но исто по цената се гледа и разликата во квалитет и изглед.
Мислам дека не треба да се потценуваат и купувачите со слично размислување, па добро е во гамата да се најдат и вакви квалитетни патосници.
Добронамерен ми је коментарот, со желба за уште подобро ваше работење.
Инаку
http://www.samad.com.mk/ не работи и неможев да видам дали теписонски патосници има во понуда.