Автор Тема: Проблем со палење кај Рено Клио  (Прочитано 4623 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со палење кај Рено Клио
« Одговори #15 на: 14 Јуни 2012, 15:10:14 pm »
Кога веќе отвара резервоар да менува пумпа (ако воопшто се наоѓа таму) ќе провери и резервоарот во каква состојба е а и филтер ќе менуваш во секој случај. Ако тоа ти го реши проблемот трајно тогаш тоа било тоа, јебига сервис мора да се направи, аутцето не е баш чичка новичко. Јас како што имам слушано ако црка пумпа за гориво тогаш нема ни да пали. А ако гуши моторот и гаси тогаш има логика да е некое ѓубре. Си пробал со некој адитив за прочистување?

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Проблем со палење кај Рено Клио
« Одговори #16 на: 14 Јуни 2012, 15:11:50 pm »
Смени филтер за бензин.Јас од кога го сменив (незнам колку време не беше менуван)мислиш друга кола е на палење.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Проблем со палење кај Рено Клио
« Одговори #17 на: 14 Јуни 2012, 15:15:38 pm »
Aman be druze elementaren e motorot.. Plus na Lance e.. Zemi proveri gi site kabli kaj motorot, otstekaj go sekoj kontakt i isprskaj gi so kontakt sprej... Malce e pipavo ama moze da resi problem.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Проблем со палење кај Рено Клио
« Одговори #18 на: 14 Јуни 2012, 16:25:42 pm »
Мислам дека не би требало да е бензинската пумпа, ако е таа ќе трокира, а ти велиш дека не ти пали, може да е до бомбината, пробај приклучокот на кабелот што излегува од бомбината да го испркаш со контакт спреј и самиот влез на кабелот.
 
Јас имав случај со мајстор кој ми тврдеше дека е дефектна бензинската пумпа на Фиат Уно, за на крај излезе дека електричарот кога менувал четкици на алансерот не го стегнал цревото на влезот од интеркулерот, примаше сиромашна смеса и гаснеше во возња, а пази мајсторот работи во аутомобиле ск, и плус кај него дома, и ме зае***аше две недели :) за на крај јас сам да откријам дека е до цревото :)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Проблем со палење кај Рено Клио
« Одговори #19 на: 14 Јуни 2012, 18:41:25 pm »
Еве ти некоја слика од ауто дата


By ognen88 at 2012-06-14


By ognen88 at 2012-06-14

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Проблем со палење кај Рено Клио
« Одговори #20 на: 16 Јуни 2012, 00:15:47 am »
Кога веќе отвара резервоар да менува пумпа (ако воопшто се наоѓа таму) ќе провери и резервоарот во каква состојба е а и филтер ќе менуваш во секој случај. Ако тоа ти го реши проблемот трајно тогаш тоа било тоа, јебига сервис мора да се направи, аутцето не е баш чичка новичко. Јас како што имам слушано ако црка пумпа за гориво тогаш нема ни да пали. А ако гуши моторот и гаси тогаш има логика да е некое ѓубре. Си пробал со некој адитив за прочистување?


Не сум пробал никаков адитив , предлог имаш некој ?
Смени филтер за бензин.Јас од кога го сменив (незнам колку време не беше менуван)мислиш друга кола е на палење.

Филтер за гориво немам сменето никад ( од кога е кај мене колата ) ~ 15000к км , а сигурен сум дека и предходно не е сменет околу 15000к км.. Колку е можно од ова да имам последици како моите ?
Aman be druze elementaren e motorot.. Plus na Lance e.. Zemi proveri gi site kabli kaj motorot, otstekaj go sekoj kontakt i isprskaj gi so kontakt sprej... Malce e pipavo ama moze da resi problem.

Не е на ланче , незнам ни каква врска има што викаш плус на ланче али викендов ќе пробам ова со контакт спреј.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Проблем со палење кај Рено Клио
« Одговори #21 на: 16 Јуни 2012, 01:43:08 am »
Пробај најди го crankshaft postion sensor и види случајно нешто кабле да не е одкачено, или на конекторот види да не се оксидирани пиновите. После тоа ако не пробај извади го може да има насобрано прашина од што се троши ламелата и да не чита како што треба.
Би требало да се наоѓа негде на ѕвоното од менувачот одма до моторот, мислам дека од сликата горе доле можеш да оцениш каде е.
Или иди на некој мајстор па нека бара што може да е дефект.