Реално еден просечен чоек мења од 2- 3 коли максимум. Од аспект на аута човечкиот живот може да го поделиме на пред и брачен.
Во предбрачниот, односно пост средношколскиот период а тоа е од 18 - 25 години, како автомобил во главном се користи автомобилот на родителите а во денешно време се купува нешто мало економично или нормално доколку се работи за поимотна фамилија дури и некое спортско возило, спортско за наш стандард, да не се разбереме погрешно. Обично тоа количе се цепа до брак па и за време на почетниот период се док не се нагомила фамилија
, и веќе се почнува со фамилијарни чувства и бирање на ауто кое ќе ги исполни тие стандарди. Некој прават компромис при што купуваат марка која им лежи на срце но во фамилијарно издание но поголемиот % бира возило кое ќе ги исполни барањата на фамилијата во најевтина можна варијанта, кој има паричка плус може да земе пореномиран бренд или возило со подобар мотор. Се цепа тоа добри 10- 12 години со надеж дека ќе се смени, но како растат децата така растат и трошоците и обично третото ауто е научна фантастика. Второто се тера до распаѓање, кога второт ауто, кое статистички во главном е купено на ново, ќе си го отпее своето се бира повторно нешто мало, економично возило кое ќе служи за транспорт од точка А до точка Б, односно од едното до другото внуче.