[trolling]
и оваа цела тема е екстра, ко ја да сум ја отворил со предумисла
плаче за мала статистичка анализа

[/trolling]
Јас пак би кажал нема подобро. И Бензинец и Дизел во нешто се подобри, во нешто полоши.
Еве кај Ц3 -во 1.4 HDI, ми се бендисува како вози во еден распон од вртежи. Не ми се свиѓа што до 1500 вртежи е мртов (ќе напраев за малку судар прв пат кога го возев пошто не очекував до толку да е мртов, а се уклучував на главна улица).
Морам да признаам дека не брчи премногу (мада кога е ладен моторот ко тракторче работи еден период).
Кај дизеливе не ми се допаѓа што некако нема линеарност (во еден распон влече топ, во друг мртво пувало) (мада сигурно има некои дизели кај што ова не се приметува и решено. Кај Мазда SkyActive дизелите работеа баш линеарно).
Кај Дизеливе не ми се допаѓа скапото потенцијално одржување и проблеми.
Кај HONDA CR-V 2.0
Ми се допаѓа што е баш линеарно и предвидливо.
Не ми се допаѓа што некогаш ми фали tork , ама со менување на брзина се средува (кај турбо бензинци, или V6 не фали торк)
Не ми се допаѓа што троши (мада ова го споредувам со Ц3 чето што е друг тип на возило. Дизел ЦР-В трошеше само 2Л помалку) (иако и дизел во ваков тип на возило не би било кој знае каква помала потрошувачка).
Јас би кажал дека сепак зависи од намената:
1. Спортски коли, ентузијастичко возење - Бензин
2. Град, кратки релации - Дизел без ДПФ или Бензин што троши малку, ама повеќе накај бензин (Сузуки Свифт, Honda Jazz)...
3. Долги релации, онака баш рационално.. - Дизел
4. СУВ возила - Можеби торкот кај дизелот прави да е попогоден за ваков тип на возила, ама све зависи колку е разликата во цена помеѓу Бензин и дизел верзијата за да се пресече.
Со други зборови нема подобро или полошо. Едното има една проектирана намена, другото има друго
Дарко
п.с. Зашто бе кога имам највеќе работа, највеќе ми се пишува на Форум?
