Автор Тема: ПП апарат за патнички возила  (Прочитано 7921 пати)

Отсутен tigar2012

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 63
ПП апарат за патнички возила
« на: 21 Јули 2015, 11:50:14 am »
Копирано од правдико:
Противпожарен апарат за гасење пожар

Комбинирани   возила,   патнички  моторни   возила опремени    за  користење   на  алтернативни    горива  (течен   нафтен   гас  (ТНГ),   копримиран нафтен гас (ЦНГ), возила за јавен превоз, автобуси, како и товарни моторни и приклучни возила  треба да имаат противпожарен апарат за гасење на пожар поставен на видно место или на место лесно за дофат, при што во случај на опасност може да се употреби.

Патнички моторни возила може да имаат противпожарен апарат за гасење на пожар (што значи дека не е задолжително за патничките моторни возила).


Ме сопира џандар и после рутинска проверка на сообраќајна/возачака ми вика
Џ: Опрема што имаш, ПП апарат имаш ли за тебе е задолжително пошто си на плин.
Ј: (незнаев, ама имав купено уште од времето коа 2-3 недели беше задолжително па после го сменија законот и ми стои у багажник.) Викам еве тука е.
Џ: Е сеа вика не ти е сервисиран овој откако си го купил, да идеш да си го сервисираш, пошто вака исто како да го немаш.
Ј: Добро. Фала пријатно.

Прашањето е дали некој друг имал слично искуство и каде се сервисираат тие ПП апарати, колку чини истото и на колку време се прави секоја година или?
Seat Ibiza 1.4 16v 55kw

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #1 на: 21 Јули 2015, 12:59:38 pm »
И мене ме интересира ова. Јас сакав да си земам чисто од безбедносни причини. А што, треба во кола внатре да ми биде? Нема да може во багажник?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #2 на: 21 Јули 2015, 13:05:57 pm »
Во законот не пиши каде, битно е да имаш, мислам на плин ако си.

А замисли иронијата багажникот ти се запали а противпожарниот внатре.  :-\

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #3 на: 21 Јули 2015, 13:17:44 pm »
Ako mislis deka aparatot ti e ok, nema potreba da davas pari na servisiranje, probaj samo da si najdes kartonce ako imas nekoj sto raboti so toa
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг:
« Одговори #4 на: 21 Јули 2015, 14:02:20 pm »
Имаше закон дека со плин е задолжително ПП апарат, па после го повлекоа колку што знам. Иначе си има картонче на апаратот и таму се запишува дали е сервисиран, мислам на секој 6 месеци истекува тоа и повторно сервисирање е ~600 мкд.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #5 на: 21 Јули 2015, 21:51:51 pm »
Имам сервис за ПП Апарати па сум запознаен со проблематикава. ПП Апарат кои што се наоѓа во моторно возила е задолжително да се сервисира на 6 месеци. Истиот е задолжителен за товарни возила, за такси возила, за автошколи, како и за сите патнички возила кои што се конвертирани на некое алтернативно гориво(Плин, Метан...). Серивисирањето на ПП Апаратот кошта 180 денари, барем кај мене. И да е празен, полнењето со прашок и ЦО2, заедно со ново сервисно картонче и сите пломби е 350 денари. Така да 600 денари само за сервис се огромна сума за тој тип на ПП Апарати. Што ве интересира друго за нив тука сум :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #6 на: 21 Јули 2015, 22:00:47 pm »
Саше,  продавате апарати за во кола?

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #7 на: 21 Јули 2015, 22:01:31 pm »
Саше ти беше од Велес? Јас сакам да го сервисирам пп апаратот односно ми треба само ново картонче па затоа прашувам.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6745
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #8 на: 21 Јули 2015, 22:06:36 pm »
Сите кај Саше во врска со пп апарати, не смее парите од форум да одлеваат на друго место!

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #9 на: 21 Јули 2015, 22:42:53 pm »
Види, што е до мене нема проблем, ама треба до Велес да се оди. :-)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6745
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #10 на: 21 Јули 2015, 22:43:57 pm »
Taman se zbirate poveke luge sase stanca kartoncinja ja vadam pivo od komorata :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #11 на: 21 Јули 2015, 22:53:17 pm »
колку пари е боца?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #12 на: 22 Јули 2015, 01:11:10 am »
Може картончиња нема проблем. Често сум во Ск така да може и на едно пиво во понеделник кога е, ќе договориме и клаберска цена. Сервисирањето ако се од нов тип е лесно, се става пломба и се проверува притисокот. Што се однесува до боците имам различни, но препорачувам да се зимаат малце поквалитетни од кинеските кои ги има по некој продавници од причина што се случува со кинеските да има пуштања на вентилот на големиве температури па автоматски и апаратот е безкорисен а и заради немањето на делови не постои можност да се санира штетата. Цените се 1200 денари со вклучено сервисно картонче од денот на купување, како и уште едно картонче кое важи после престанокот на првото картонче(една година не треба да се сервисира апаратот).
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #13 на: 01 Март 2023, 18:03:57 pm »
Ова ти е "џабе го носиш".

Би ти препорачал од кило или два proper ПП апарат.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: ПП апарат за патнички возила
« Одговори #14 на: 01 Март 2023, 19:21:07 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Има ли некој искуство или конкретно инфо дали воопшто вреди овој ПП апарат од Carbox - https://carbox.mk/product/protivpozaren-aparat-falcon-97006/
go imam istovo kupeno skoro pred nekoj 5 god. Znam samo deka na nekoja skara pravenje na kraj koga isfrlivme zarot nesto se potpali pa dodeka najdeme voda i kofi ova cudo zavrsi rabota. Problem e sto e mala kolicina.