Денес го искористивме сонцето за првото перење на полото,му мавнавме сефте

Откако се испра го донесов дома и му мавнав еден педикир и маникир



Предните маски на браникот поминати со средство К2 за пластика

Моторчето малку од малку зачистено
Ентериерот е скоро готов,останаа учте пластиките на рачките на врати,тие моментално киснат во топла вода,бидејќи ми беа изгребани,а мислам дека се пластифицирани или гумирани гледам со топла вода тоа лесно се вади така да кје се исчистат да биде чиста пластика


Седиштата остануваат за на пролет да се средат,воланче друго се бара моментално ова ќе се вади
Дел и од задните врати,се е монтирано,кедерите се залепени и премачкани со средство исто од К2 за гума

Еве и ретровизорите како дојдоа,многу убаво искочија


Исто и трепкачите исполирани и монтирани



Монтирани и кваките


Штопчињата исполирани,моментално овие ќе се возат додека не се земат други исто и други фарови


Залепено знакчето

Спојлерчето е спремно за монтирање ама тоа ќе почека до утре


Со него добро искочив на крај бидејќи фалеше дел од него,ама со кит го исполнив и го заоблив така да не се ни познава сега
еве како е оригинал

а еве го правениот дел т.е делот што го немаше

до црната линија фалеше дел.
Утре ќе се премачка со кубит уште еднаш ако биде времево како денес,да се дозалепат знакчиња и да се залепи спојлерот