Карбураторот би требало на дремонг да го шират. Јас ќе му го дадам на еден пријател да го прави и што сакаат нека прават.
Ако имаш encarwi карбуратор измери го клипчето на сајлата колку мм е зашто ако го направиш пошироко нема да имаш лер гас ќе ти работи на високи обртаи пошто нема да затвара клипчето. Обично се 14мм клипчињата па 13.5 ќе биде доволно.
Ако сакаш компресија повеќе ќе треба да ја симнеш деклата од прилика 10:1 ќе дојде, а сосе цилиндар симнување (рамнење) 12:1. Со тоа што ако ти е стандар клипњача сигурно има луфта па така да треба и тоа да го смениш.Ако е оргинал радилицата е по издржлива од кинескиве радилици што ги продаваат па така да поише се исплати да ја направиш таа со нова клипњача одколку да купиш срање некое.
Стегнете го мењачот убаво, скратете ги малце федерите на ламелите (по пола сантим). Мене ми се кратени и ламелите - олеснувани за да има по јак старт ама ако не се замарате многу може да помине само и со федери.
Друго нешто?