Во основа се користат два типа на компресори: scroll и variable capacity. Првиот тип ствара помалку „драг“ на моторот, ама мора да се гаси со помош на електромагнетната спојка кога ќе постигне соодветна компресија. Неговата работа се карактеризира со пали/гаси во текот на работата, на тој начин не се дозволува испарувачот да замрзне.
Кај вториот тип, како расте компресијата, така се намалува неговиот „проток" (fluid displacement) но во суштина не се гаси, но со намалување на протокот, се спречува замрзнување на испарувачот. А како се намалува протокот, се намалува и отпорот врз моторот.
Така да, ако имаш од овој вториов тип, се намалува. Ако имаш од првиот тип се гаси. Се надевам збориш за потребите за разладување, пошто за потребите за снага, го елабориравме претходно