Автор Тема: Камп приколки, еуро куки и такве ствари  (Прочитано 39069 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #90 на: 22 Мај 2014, 08:22:08 am »
Ајде едно загадочно. Дали може да се добие 3та таблица за камп приколка ( за возило на име на фирма) , која е сопственост на приватно лице ?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #91 на: 22 Мај 2014, 13:24:10 pm »
Аииии :D Ќе треба да ја регистрираш камп приколката на фирма ;D ;D (навистина не знам, ама некако го „намирисувам“ одговорот)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #92 на: 22 Мај 2014, 13:34:57 pm »
Срамота е да имаш „Брако“ на фирма :) Нема ни практично финансиско оправдување за истото.
Идам на службен пат, а спијам у Брако пред хотел ? :)
Ебати прописот. Камп Приколките треба да се третираат како посебнпо возило како и останатите прикучни возила. Знам дека камп приколите над 750 КГ подлежат на регистрација секои 4 години.
Законодавецот не пропишал дека на пример една брако приколка би требало да можат да ја возат, со две или повеќе коли, како на пример заедничка камп приколка да ја вози и синот и таткото со своја кола.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #93 на: 22 Мај 2014, 13:38:12 pm »
Да, кај нас некако - не знам зошто, врзани се приколките со возилото... Баш ќе ја прашам процедурата за „брако“ приколка (пред година/две во блиска фамилија правеа некои „на ти дај ми“ со приколките и ги пререгистрираа), мислам ќе се дознае лесно што треба да се напраи...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #94 на: 22 Мај 2014, 13:42:04 pm »
Ајде едно загадочно. Дали може да се добие 3та таблица за камп приколка ( за возило на име на фирма) , која е сопственост на приватно лице ?

Јас колку што се сеќавам еден комшија имаше Брако и сам си правеше 3 регистрација, а сега какви се законите незнам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #95 на: 22 Мај 2014, 13:49:49 pm »
Срамота е да имаш „Брако“ на фирма :) Нема ни практично финансиско оправдување за истото.
Идам на службен пат, а спијам у Брако пред хотел ? :)
Ебати прописот. Камп Приколките треба да се третираат како посебнпо возило како и останатите прикучни возила. Знам дека камп приколите над 750 КГ подлежат на регистрација секои 4 години.
Законодавецот не пропишал дека на пример една брако приколка би требало да можат да ја возат, со две или повеќе коли, како на пример заедничка камп приколка да ја вози и синот и таткото со своја кола.

Пропишал. Сме возеле камп приколка со различна таблица и не се јавил проблем.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #96 на: 22 Мај 2014, 14:06:21 pm »
Ух, се убив барајќи го прописот и го нема. Во некои ( од новите ) сообраќајни пишува, издадена 3та таблица, а во некои пишува, издадена 3та таблица за брако. Неможам да врзам правило, прво со тоа. Второ, за да се издаде 3та таблица, се носат документи од приколицата ( ако дотогаш немала таблица ).

Е сеа, тоа што сте возеле, дали е и правило, ако на пример не ве сопрел џандар, па да се докажувате. Многу недоречености кои можат да бидат гњаважа, ако си тргнат на пат.
Најлесно ми је да ја регистрирам приколката на физичко лице, ама за да добијам 3та таблица за службено возило кое ќе му се става фабричка кука, морам да приложам фактура дека приколката е на име на фирмата.

Вака ако не приложам ф-ра со купопродажен договор од приколката, нема да ми дадат 3та таблица за колата.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #97 на: 27 Јуни 2014, 10:53:31 am »
Ако сакаш на службено возило да регистрираш приколка мора приколката да припаѓа на фирмата (било да е поклонета од поранешниот сопственик или купена од него).

Можеш да земеш 3та таблица така од едно возило, таа таблица ќе си биде на приколката а приколката да ја влечеш со друго службено возило од истата фирма.

Се надевам дека ова ќе ти помогне.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг:
« Одговори #98 на: 28 Јуни 2014, 12:56:23 pm »
Taka i napraviv. Zakonot okolu prikolkite treba da se prepise od germanskiot. Jasen i precizen.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #99 на: 16 Декември 2020, 22:49:25 pm »
Да го живнам малку камперскиот дух.
Ме интересира дали знаете компании што рентаат трајлери? Пожелно е да биде интернационална, да имаат канцеларии во повеќе земји, ама не е пресудно. Претпоставувам ќе биде скапо, ама околу цената ќе се преговара со нив.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #100 на: 16 Декември 2020, 22:56:43 pm »
Да го живнам малку камперскиот дух.
Ме интересира дали знаете компании што рентаат трајлери? Пожелно е да биде интернационална, да имаат канцеларии во повеќе земји, ама не е пресудно. Претпоставувам ќе биде скапо, ама околу цената ќе се преговара со нив.

http://www.rent-a-camper.mk/mindex.html#myCarousel

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #101 на: 17 Декември 2020, 11:16:21 am »
Oва се вози со „бе“ категорија??

ЕДИТ прочитав на сајтот :-) се вози.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #102 на: 18 Декември 2020, 05:56:24 am »
Да го живнам малку камперскиот дух.
Ме интересира дали знаете компании што рентаат трајлери? Пожелно е да биде интернационална, да имаат канцеларии во повеќе земји, ама не е пресудно. Претпоставувам ќе биде скапо, ама околу цената ќе се преговара со нив.

http://www.rent-a-camper.mk/mindex.html#myCarousel
Одлично. Се двоумев и јас со која категорија се вози, ама ете има одговор. Фала на инфо.

Отсутен Aleksandar2101

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #103 на: 08 Март 2022, 10:37:23 am »
Здраво кампери,

На една идеја сум да си ја реставрирам камп приколката ТРЕСКА 300 и да ја бичам за Грчка.

Па ако може некоја насока за ентузијаст кој ќе сака да ја провери осовината и да ја ставиме во возна функција, со нова шепа и трето тркало.

Па потоа некој кој ќе ми ја префарба бела, да заличи на јајце :)

Имам атестирана кука на колата, така да за влечење низ град, а и за до Грчка немам гајле.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Камп приколки, еуро куки и такве ствари
« Одговори #104 на: 08 Март 2022, 11:04:44 am »
Штом ќе одиш со влечење, едно предупредување од лани. Долго стоени приколки може да им се откачи тркало (лани се случи) во сред возење, од рѓа. Така да мора да се провери комплетно одоздола каква е состојбата на целото подвозје во поглед на рѓа. Понатаму ако внатре е устојано и за никаде можеш да ги извадиш сите душеци и да измериш колкави ти се потребни КЛАСИЧНИ душеци, без расклапање туку фиксни. (Зошто нормално приколата е исклучиво за лежење, нема да готвиш внатре или да „ручаш“.) Во Јуск во грција има одлични душеци за многу ефтини пари и секако и такс фри даваат на граница.

Понатаму за миризбата од Моје Ауто можеш да земеш 2-10 спрејови за чистење на клима и да ги опалиш внатре (откога ќе исчистиш се прво, и фрлиш ѓубрето од перници). 2-3 дена да стои така затворена и ќе е супер. Ќе убие се што треба да убие, и после само ќе излуфтираш и готово.

Потоа треба да видиш во каква состојба се комарниците и ако не се добри, да ги реставрираш - барем на главните прозорци. Ако не може да се оправат да купиш нови некакви.

Да видиш какви се дихтунзите наоколу да не е некој пресушен и да испукал и да пушта вода. Силикон со УВ заштита би помогнало.
Да видиш каросериски дали некаде има пуштено, и ако нема пуштено добро, ако има убаво да се испита од каде пуштило.
Исто така треба да рачунш дека ако оставиш стара приколка на милост и немилост на дожд, голема е веројатноста дека ќе пропушти некаде. Би требало да и помогнеш со прекривка против дожд.

Непотребното ѓубре од внатре, наречено кујна и фрижидер кој никој не го користи, може да го извадиш и со неколку иверки по мерка да скроиш сталажа за тоа место која ќе е бескрајно попрактична, наместо пола кубик место неискористен како сега.

Гумите треба да провериш во каква состојба се и веројатно се постари од 5-10 години и треба нови.
Кочницата (ако има) треба да видиш дали е добро затегната и функционална.

Транспорт на приколка исто така веќе се почесто се врши со шлеп служба и крај на програмата. Ни оправање на подвозје ни бутур.