Автор Тема: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(  (Прочитано 47847 пати)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5469
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #225 на: 04 Јануари 2013, 06:26:06 am »
Од МВР велат дека ќе го одложат почетокот на санкционирање на прекршителите бидејќи требало да се утврди дали граѓаните се приспособиле на новата безбедносна контрола на улиците

Полицијата с` уште нема да ги казнува возачите што ќе бидат уловени на безбедносните камери како прават сообраќаен престап иако глобите беа најавени од почетокот на годинава. Учесниците во сообраќајот се сомневаат дека камерите воопшто работат, па возачите продолжуваат да прават прекршоци без страв дека на домашната адреса ќе им стигне покана за наплата на казна. Од МВР уверуваат дека камерите сепак снимаат и ги бележат прекршоците. Дел од оние што ги анкетиравме се револтирани и прашуваат дали камерите служат само за украсување на раскрсниците.

- Или нека почнат да казнуваат или нека не н` лажат дека камерите снимаат прекршоци. На сите ни е загрозена безбедноста во сообраќајот бидејќи не се почитуваат сообраќајните прописи. Ако не мислат да почнат да казнуваат, тогаш сообраќајната полиција нека биде присутна во градот -вели скопјанец кој пред три недели бил полесно повреден во сообраќајка.

Од МВР велат дека ќе го пролонгираат времето за казнување на прекршителите бидејќи требало да се види дали граѓаните се приспособиле на новата безбедносна контрола на улиците.

- На сопствениците на возилата што се фатени од камерите како направиле прекршок им е доставена опомена, односно предупредување. Времето за казнување ќе го пролонгираме бидејќи треба да се види дали кај возачите е подигната свеста за потребата од совесно почитување на сообраќајните правила и прописи. Возачите мора 24 часа на ден да ги почитуваат сообраќајните правила бидејќи во иднина секој прекршок ќе биде санкциониран - велат од МВР.

Сепак, неофицијално причината поради која се одложува казнувањето е законската регулатива, односно недостигот на подзаконски акти и правилници околу начинот на казнувањето, доставата и други поединости.

Проблемот поради кој се одолжува казнувањето не е само МВР, туку и Град Скопје, кој според планот за одржлив транспорт с` уште не го опреми градскиот центар за управување и контрола на сообраќајот, да ги поврзе раскрсниците и да ги обучи вработените во оперативниот центар.

Засега над сто позиции во главниот град се покриени со безбедносни камери, а на дел од позициите се поставени камери со можност да снимаат најситни детали. Повеќето од камерите што се поставени во Скопје не се ротирачки и не се опремени со инфраред-зраци, што значи дека не можат да снимаат ноќе.

Некои не веруваат оти овој проект ќе профункционира во практика и дека преку ноќ ќе се сменат навиките на возачите да не возат агресивно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Повеќето се сомневаат дека ќе биде чесно, односно дека ќе бидат казнети сите што прават прекршоци или на некои возачи, како и досега, ќе им се гледа низ прсти.

Од МВР велат дека камерите се автоматски, односно дека секој прекршок ќе биде санкциониран и дека повеќе ќе нема прогледување низ прсти.

Kонтрола на зелен бран

Со користење на камерите во секој момент ќе има достапни податоци за бројот на возилата, густината и протокот на сообраќајот, при што на семафорската регулација на повеќе раскрсници во низа ќе може да се усогласи движењето на моторните возила во ,,зелен бран“, приспособени за побезбеден сообраќај, а не како што моментално има еден зелен бран во Скопје за кој возачите се жалат дека не функционира.

Со помош на камерите, и времето на патување ќе биде усогласено и се скратува дури за 25 проценти, се намалува количеството на штетни гасови од моторните возила, а потрошувачката на гориво кај моторните возила што се движат во централното градско подрачје по улиците и булеварите ќе се намали за 10 до 15 проценти.

Спречуваат и терористички напади

Kористењето на овие камери е позната практика од поодамна, но свој посебен придонес кон општата безбедност дало уште во 2005 година кога во Лондон, во центарот на градот, е спречен терористички напад. Потоа, следејќи го примерот на Велика Британија, во поголемите градови во Германија биле инсталирани над 400.000 вакви камери, кои се ставени во функција на безбедноста. Во Србија овој проект бил реализиран за само шест месеци и веќе има резултати.

Kамерите се поставуваат на најфреквентните сообраќајни места, на фреквентни раскрсници, на влезовите и излезите на градовите, плоштади, критични и оптоварени со сообраќај булевари, улици, тунели, подвозници, надвозници, мостови и слично. Овие камери се поврзани мрежно и ги контролира, води и раководи еден центар за автоматско управување со безбедноста и проточноста на патниот сообраќај.

Според досегашното искуство на полициите од европските земји што користат системи на сообраќајно-полициски камери за видеонадзор, не само што придонесуваат за поголема безбедност за расветлување на криминални настани, подобро одржување на јавниот ред и мир, регулација на патниот сообраќај, туку дејствуваат и превентивно при минување на црвено светло на раскрсниците, можат да се употребат во заштита и давање помош.


Od Dnevnik
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #226 на: 04 Јануари 2013, 08:31:17 am »
ова се вика bullshit, мвр нема софтвер за казнување и регистрирање и тоа е тоа, неможе 500 души да вработи за да гледаат кој што и зошто прави

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #227 на: 04 Јануари 2013, 08:43:46 am »
што не ги усогласат семафорите од пред македонска куќа,кај што го направија паркот за домашни миленичиња кон семафорот пред треска.ај тој пред веро се фаќа.ама следниот нема шанси.
кога тргнуваш од едниот семафор доаѓаш кога се затвара вториот,а и двата траат по 80-90 секунди.
многу несинхронизирани.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #228 на: 04 Јануари 2013, 15:42:10 pm »
Спречуваат и терористички напади

семоќни се камериве како ведоксин капки што ги рекламираат на едо ;D

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #229 на: 04 Јануари 2013, 16:59:32 pm »
Фала.;D ;D ;D
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #230 на: 04 Јануари 2013, 17:01:09 pm »
што не ги усогласат семафорите од пред македонска куќа,кај што го направија паркот за домашни миленичиња кон семафорот пред треска.ај тој пред веро се фаќа.ама следниот нема шанси.
кога тргнуваш од едниот семафор доаѓаш кога се затвара вториот,а и двата траат по 80-90 секунди.
многу несинхронизирани.
Чекај ти се одеднаш сакаш сеа коце у следниот мандат ќе направи зелен бран и тамо, за да има со што да се фали дека у 21 век ние сме успеале да синхронизираме семафори

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3037
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #231 на: 04 Јануари 2013, 17:23:44 pm »
Кај и да е ќе стават камери и на мудата на Букефал за да се спречи терористички напад.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #232 на: 04 Јануари 2013, 17:57:58 pm »
Mudata na bukefal se zastiteni od Unesco i zabraneti se modifikacii

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3037
Одг: Камерите поставени по градов почнаа да се користат :(
« Одговори #233 на: 04 Јануари 2013, 17:58:50 pm »
Ахаххахах

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5832

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Денес добив прераскажана информација дека некој е фатен на „спидтрап“ камера и има заработено точки во книшка. Ќе се обидам да донаам на која локација е камерата. Изворот е сигурен, не е рекла-казала. Ќе се обидам од засегнатиот возач да дознаам детаљи.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
баш да кажеш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Денес добив прераскажана информација дека некој е фатен на „спидтрап“ камера и има заработено точки во книшка. Ќе се обидам да донаам на која локација е камерата. Изворот е сигурен, не е рекла-казала. Ќе се обидам од засегнатиот возач да дознаам детаљи.
До сега све сигурни извори по темава има. Баби нечиви, прабаби, комшии, трети братучеди, бивши колеги, соштабери,...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Знам кој е и ќе дознаам од каде. Парашава дали има друг што знае вакво нешто. Значи не е муабетот „брат ми има видено еден како јаде бурек“. Фатен е возачот за возење 85 km/h и има добиено казна. Каде, и како се одвивало сето тоа не знам. Ќе дознаам.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Аууу ако е така, на таа камерата у влае треба не возачка, незнам што да ми одземат :)