Вчера најнормално си ладеше климата, денес се враќам од работа, пуштам клима, не лади. Никаков ерор не покажува. Перката врти, лани баш во јули е сменета, дополнето фреон.
Нема клима, само јанѕа.
Слегов сега пред малку за до маркет, гледам под колата, од лева страна баш од кај што е компресорот и инсталацијата, цефки-мефки, истечена некоја мрсна течност.
Појма немам како изгледа фреон надвор од уред за ладење... значи вирче кое не се исушило на жешково, оставило трага, нешто како антифриз, само што не е антифриз, капка не фали антифриз.
Препорака за мајстор?
Рандом срџ на темава налетав неколку пати на Аце (Цеко) клима, кај Раде Кончар на Трета Бригада, само не налетав на информација за работно време.
Да не знае некој до колку работи?